Шпанија: Србин му го пресече вратот на сограѓанин пред очите на туристи


 

Во шпанското летувалиште Коста дел Сол тешко е повреден државјанин на Србија кога маж, исто така од Србија, со кујнски нож му го пресекол вратот.

Грозоморниот чин се случувал на балкон на трет кат во една зграда недалеку од пристаниѓтето Дукеса, пред очите на престрашени британски туристи, пишува порталот „Olivepress”.

Мажот бил во долна облека врзан за оградата на балконот и со крпа преку очите, кога локалната полиција дошла на местото на настанот, а заканувачот му држел голем нож под вратот и почнал да го сече.

Ова се случило во вторникот попладне, а благодарение на брзата интервенција на полицијата напаѓачот е уапсен, а мажот префрлен во болница.

Градоначалникот на местото Марио Хименез ѝ честита на полицијата на професионализмот и на храброста.

„Ова е изолиран инцидент кој бараше силен одговор за да се осигура безбедноста на населението“, рече градоначалникот.

Полицијата на Коста дел Сол соопшти дека ѝ требаат уште докази за да го обвинат напаѓачот, поради што од британските туристи се бара да бидат сведоци, како и приложат снимки и фотографии доколку имаат.