„Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“


Српските медиуми посветуваат големо внимание на случајот со косовскиот државјанин Томор Морина, кој беше притворен во Македонија поради потерница од Интерпол и барање на српските власти за злосторства во Косово во 1999 година. Белградски „Б92“ со наслов: „Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“ пишува за изјавите на вицепремиерот Бујар Османи, кој, практично се однесуваше како адвокат на Морина, а не како политички функционер на владата во Скопје. Тој рече дека чини се што може, поранешниот борец на УЧК да биде ослободен.

Деновиве се очекува одлуката на македонското Министерство за правда дали ќе го испорача на Србија или ќе го ослободи.