Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 75 пациенти, новозаразени се 2.900


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 2.900 нови случаи на заразени од корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 21.250. Меѓу нив 2.351 pжпациент е на болничко лекување, од кои 245 се на респиратор. Починаа 75 пациенти, Од февруари досега од корона вирус заразени се 131.342 лица, а 1.861 починале, додека […]

Бесплатен јавен превоз за жителите на Приштина во наредните месец дена


Жителите на косовскиот главен град од денеска во наредните месец дена ќе можат бесплатно да го користат превозот со автобусите на градското јавно сообраќајно претпријатие, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на својата страница на Фејсбук, приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети нагласи дека „правилата и мерките за заштита од Ковид-19 остануваат во сила и се обврзувачки за сите кои […]

Почина авторот на „Квискотека“ Лазо Голужа


Новинарот и уредник во Хрватската телевизија и автор на „Квискотека“ Лазо Голужа почина денеска во Загреб на 85-годишна возраст. Информацијата за хрватските медиуми ја потврди неговиот син Доминик Голужа. Голужа дипломирал компаративна книжевност и италијански јазик на Филозофскиот факултет во Загреб, а по студирањето со Пајо Канижај го основал списанието „Парадокс“. Тој даде најголем придонес во областа […]

Бугарските лекари веќе немаат сили, рекорден број починати – 221


Додека стапките на смртност од корона вирус се искачија на рекордно ниво во Бугарија, лекарите и медицинските сестри во здравствената служба веќе ослабени со децениската емиграција на Запад велат дека се исцрпени. „Погледнете ја нашата медицинска сестра овде, таа беше позитивна, имаше висока температура… и сега се врати на работа“, рече Александар Станоевски, анестезиолог на […]

Турција воведува полициски час и целосно „заклучување“ за викенд


 Турската Влада од утре воведува полициски час од 21 до 5 часот во работните денови, и целосно „заклучување“ за време на викенд, односно од 21 часот во петок до 5 часот во понеделник. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека мерката се носи со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Новите построги антиепидемиски мерки стапуваат во сила утре, а ослободени ќе бидат само некои сектори како што се снабдување и производство. […]

Пленковиќ е позитивен на корона вирус


Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ е позитивен на коронавирус, потврди Владата на Хрватска, а пренесува ХРТ. Денес бил повторно тестиран за присуство на коронавирус и се покажал дека е позитивен. Претходно му беше изречена мерка самоизолација, а сега му е изречена мерка изолација во траење од 10 дена. Како што јавува ХРТ, тој во моментов […]

Во Албанија околу 30 отсто од тестираните позитивни на Ковид-19


Во последното деноноќие во Албанија се регистрирани 557 новозаразени со Ковид-19, но и бројот на тестирани е речиси двојно помал, споредно со вчерашниот ден кога беше забележан нов негативен рекорд на заразени. Сепак, процентот на новозаразени во однос на тестирани е речиси идентичен, односно околу 30 отсто. -Во изминатите 24 часа битката со опасниот вирус […]

Во Грција регистрирани 1.044 нови случаи, починаа 85 лица од Ковид-19


 Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.044 нови случаи на Ковид-19, а почина уште 85 лица, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. На денешната редовна прес конференција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевангелу рече дека […]

Ивица Дачиќ до Софија: Бугарија беше фашистички окупатор на јужна Србија


Претседателот на српскиот парламент, Ивица Дачиќ, ја обвини Бугарија за сторени „сериозни фашистички злосторства“. Тој исто така упати коментари до македонскиот премиер Зоран Заев околу интервјуто за Бгнес. Во гостувањето на провладината ТВ Пинк, Ивица Дачиќ, праша „дали српската јавност воопшто е запознаена со намерите на Бугарија“. Разговорот започна со извадок од интервјуто со Зоран […]

Во Србија од Ковид-19 починаа уште 55 пациенти, новозаболени се 6.224


  Во последните 24 часа во Србија потврдени се 6.224 позитивни случаи со корона вирус, од 17.093 тестирани. Починаа 55 лица. На респиратори се 253 пациенти. Според најновите податоци на Министерството за здравство во болница има 7.368 пациенти. Од почетокот на епидемијата во Србија регистрирани се 175.438 случаи со корона вирус, а починаа 1.604 лица. […]

Бобоков за интервјуто на премиерот: Борисов е манипулатор и лажго


Борисов, Пеевски и Гешев е триумвирот што владее со Бугарија. Премиерот е лажго и манипулатор. Претпоставувам дека работите што се наоѓаат во неговите фиоки се негови, а тој го негира тоа, изјави бизнисменот Пламен Бобоков. „Живееме во земја на лажговци, а во земјата на лажговци сè е болест“, рече тој цитирајќи го познатиот италијански писател […]

Во Босна и Херцеговина починаа 59 пациенти со корона вирус, заразени само 518


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се само 518 нови случаи со Ковид-19, но починаа 59 пациенти. Во Федерацијата тестирани се 1.162 примероци, од кои 384 се позитивни. Досега се тестирани 276.973 примероци, а позитивни на корона вирусот биле 56.128 лица. До денеска излечени се 37.294 пациенти, а активни се 17.282 случаи. […]

Од Ковид-19 во Хрватска починаа 74 пациенти


Во последните 24 часа, во Хрватска регистрирани се 1.830 нови случаи на инфекција со корона вирусот, а бројот на активни случаи е вкупно 21.457. Меѓу нив, 2.358 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 255 се на респиратор, а починаа 74 лица. Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во […]

Мата Хари, Шехерезада и Борисов


Бојко Борисов – жртва на љубовта. „Шерше ла фам“(Си бара жена). Западна Европа осамна во неделата со романтичната приказна за бугарскиот премиер. Досега тој беше познат во развиениот свет како генерал, врвен полицаец, ловец на дрога, растурач на печатници за фалсификувани пари, најдобар пријател на Германија, спасител на Европа од бегалци, „брадр Бојко“ . Сето […]

Грчкиот министер за здравство очекува до летото 2021 да се постигне имунитет на населението


Вакцината секако е важна станица, бидејќи постепено до летото ќе го постигнеме посакуваниот имунитет кај населението, пишува министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во неговата колумна за весникот „Real news“  и додава дека сепак, дотогаш, националната издржливост ќе биде на тест, јави дописничката на МИА од Атина. Тој истакна дека во вториот бран од […]

Бугарија станува проблематична членка на ЕУ


Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување на повеќе медиуми, со што треба да се прикријат постапките на политичарите. Ова за „Фајненшл тајмс“ го вели Симеон Ѓанков, министер за финансии во првата влада на Бојко Борисов (2009-2013), веднаш откако Бугарија стана членка на […]

До 14 декември затворени копнените граници на Грција и забранет влез за државјани на трети земји


Одлуката на грчката Влада за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ за да се ограничи ширењето на коровирусот, е продолжена до 14 декември 2020 година. Првиот член од одлуката […]

Вархеи ја поздрави одлуката на Србија, ја повика и Црна Гора да го направи истото


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи го поздрави потегот на српската влада да ја повлече одлуката за протерување на црногорскиот амбасадор од земјата. – Ја повикувам Црна Гора да го направи истото, напиша синоќа Вархеи на Твитер. Тој нагласи дека добрососедските односи и регионалната соработка се основа за процесите на проширување, стабилизација и асоцијација. Србија го […]

„Фајненшел тајмс“: Борисов ја внесе Бугарија во проблематичната група во ЕУ


Во Брисел и во повеќе земји-членки се зацврстува впечатокот дека Бугарија под Борисов им се приклучува на Унгарија и Полска во правењето проблеми во ЕУ   Владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов е под голем притисок во ЕУ и повеќе земји-членки поради две работи: многу раширената корупција во државата и блокадата за отпочнување преговори на […]

Брнабиќ: Србија вечерва еднострано ја повлекува одлуката за протерување на амбасадорот на Црна Гора


Србија вечерва еднострано ќе ја повлече одлуката за протерување на црногорскиот амбасадор од земјата, изјави премиерката Ана Брнабиќ по состанокот со претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ. -Претседателот Вучиќ ја разбира и поддржува оваа одлука, бидејќи е во согласност со Виенската конвенција и протоколите. Но, ни кажа дека конвенциите се важни, […]