Американскиот Сенат почна истрага за Делјан Пеевски – „главниот олигарх“ на Борисов


Во Бугарија се смета дека Бојко Борисов, Делјан Пеевски и главниот обвинител Иван Гешев ја водат државата како триумвират   Комитетот за внатрешна безбедност на американскиот Сенат го истражува пратеникот од бугарската партија ДПС, Делјан Пеевски дека се обидел да ги прикрие нелегалните плаќања преку посредници за да ангажира американски лобисти за подобрување на неговата […]

Во Словенија 57 починати, 2.429 нови позитивни


Според податоците што ги објави владата на Словенија за понеделникот, 1 декември, во државата починале уште 57 лица, со што вкупната бројка на жртви од корона вирусот се искачи на 1.547. Тестирани биле 7.178, а од нив позитивни се 2.429, или 33,8 отсто. Хоспитализирани се 1.285 лица, а на интензивна нега се 199 пациенти.

Во Грција 89 починати и 2.186 нови случаи на Ковид-19


Грција– Во Грција се регистрирани 2.186 нови случаи на Ковид-19, починаа 89 лица , а 613 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи, речиси половина, повторно се во Солун (453), во областа Атика (375) и во Лариса (129). Министерот за здравство на Грција […]

Борел: ЕУ не е цела без Западен Балкан, изнајдете заеднички основи


Белгија– Шефот на дипломатијата на Европска Унија, Жозеп Борел денеска изјави дека ЕУ нема да биде цела без Западен Балкан,но ги предупреди земјите од регионот дека ќе можат да напредуваат кон членство само ако се обединети во изнаоѓање на заеднички основи. Борел во видео-порака по повод дебата во Надворешнополитичкиот одбор на Европски парламент за ситуацијата […]

Во Албанија починати 17 лица од Ковид-19 и 705 новозаразени за 24 часа


Албанија – Продолжува високата бројка на новозаразени и почнати во Албанија и во последното деноноќие. -Од вкупно направените 2.186 тестови, опасниот врус е потврден кај 705 лица, што е 32,2 отсто од тестраните, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата се зголеми на 39.719 од вкупно направените 194.806 тестови.Во исто време битката со […]

Во Косово нови 14 починати, 555 заболени и 324 излекувани од Ковид-19


Косово – Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.040 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 14 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.340 тестови со методот РТ-ПЦР (146.703 вкупно досега), позитивни […]

Од корона вирус во Босна и Херцеговина заразени уште 1.293, починаа 46


  Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани се 3.518 примероци, а заразени се 1.293 лица. Од Ковид-19 починаа 46 лица. Во Федерацијата тестирани се 2.338 примероци, од кои 896 биле позитивни на корона вирус. Досега тестирани се вкупно 281.787 примероци, а корона вирусот е потврден кај 57.804 лица. До денеска оздравеа 38.535 […]

Во Хрватска нови 3.539 заразени со корона вирус, а 55 починаа


Во Хрватска денеска се регистрирани 3.539 заразени со корона вирус, а починаа пациенти. Активни се 22.610, од кои 2.408 пациенти се лекуваат во болница. На респиратор се 252 пациенти. Досега во Хрватска се регистрирани 134.881 заболен од Ковид-19, а оздравеа 110.355. Тестирани се вкупно 769.091 од кои 10.077 во последните 24 часа.

За 24 часа во Словенија регистрирани 2.429 лица со корона вирус, трет рекорден дневен пораст


Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 2.429 лица заразени со коронавирусот, што е трет рекорден дневен број на новозаболени луѓе. Во последните 24 часа починале уште 57 пациенти со Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.547, јави агенцијата СТА. Бројот хоспитализирани во моментов е 1.285 откако вчера беа отпуштени 88 […]

Приштина издвоила 20 милиони евра за обвинетите за воени злосторства


Косовската влада издвои 20 милиони евра за одбрана на обвинетите од страна на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, изјави министерот за правда на Косово Селим Селими во синоќешното интервју за порталот „Калѕо“. Според Селими, седум милиони се за заштита на потенцијалните обвинети од меѓународниот суд со седиште во Хаг, а 13 милиони евра се резервни средства. -Од […]

Хаг за досието против Тачи: Насилството било оркестрирано од врвот


Специјалниот суд за злосторства на поранешни припадници на ОВК во Хаг објави редигирана верзија на одлуката со која се потврдува обвинението против четворица поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), пренесува БИРН. ССК (чие полно име е Специјализирани совети и Специјализирано обвинителство на Косово) објави редигирана верзија на одлуката со која се потврдува обвинението […]

Во Србија со коронавирусот се заразени речиси 4.500 ученици и 126 деца во градинките


Српскиот министер за образование, Бранко Ружиќ изјави дека 126 деца во предучилишни установи, 2.321 ученик во основни училишта и 2.151 средношколци се заразени со коронавирусот. Во синоќешното гостување во емисијата „Прашалник“ на Радиотелевизија Србија (РТС), Ружиќ изјави дека 1.357 вработени биле заразени во предучилишни установи, 2.882 во основните училишта, а во средни училишта има 1.164 заразени работници. […]

Во Бугарија последниов ден починаа 153 лица


Бројот на заразени и починати во Бугарија и натаму е голем. Во последните 24 часа починале 153 лица, а Ковид-19 е потврден кај 3.475 од направени 9.056 теста. Вкупно има 4.188 жртви од корона вирусот. Бројот на потврдени случаи е 148.775, а активни се 91.587. Во болниците има 493 лица на интензивна нега. Во двата […]

Словенечката влада го запре финансирањето на новинската агенција СТА по критиките кон Јанша


Словенечката Влада го суспендираше финансирањето на националната новинска агенција СТА, која ја критикуваше работата на конзервативниот премиер Јанез Јанша. – Не можеме да ја финансираме СТА или да потпишеме нов договор за 2021 година, рече шефот на владината прес служба Урош Урбанија пред новинарите, објаснувајќи дека раководството на агенцијата не доставило сметки до Владата. Агенцијата […]

Црногорскиот парламент денеска избира нова влада


Во Подгорица денеска ќе се одржи седница на парламентот на чиј дневен ред е избор на 42. црногорска влада, предложена од мандатарот Здравко Кривокапиќ. Кривокапиќ во понеделникот му го достави на парламентот експозето, во кое на 51 страница наведува дека приоритетите на идната влада се борба против корупцијата и криминалот, правдата и рамноправноста, добрососедските односи […]

Повторно голем број починати и новозаразени во Грција


Во Грција повторно е зголемен бројот на нови и смртни случаи, од Ковид-19, регистрирани се 2.199 новозаразени, а починаа 111 лица. Од новите случаи, половина се во Солун (538), во Атика (413) и во Лариса (112). На Одделите за интензивна нега, приклучени на апарати се лекуваат 596 пациенти.

Во БиХ заразени уште 1.185 лица, а починале 46


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се направени 3.530 тестови, а коронавирусот е потврден кај 1.185 лица. Починати се 46 пациенти кои исто така биле позитивни на ковид-19. Во заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ се пријавени 2.476 тестови од кои 780 се позитивни на ковид 19, а се забележани и 25 […]

Повторно соборен црниот рекорд во Србија – најмногу заразени и тестирани денеска


Во последните 24 часа забележани се рекордни 7.999 случаи со корона вирус од тестирани 22.837 во соседна Србија. Истовремено починаа уште 48 пациенти. Ова е највисок број тестирани и заболени во еден ден од корона вирус во Србија. На респиратор се 269 пациенти.

Во Косово вчера регистрирани 10 починати и 521 заболен од Ковид-19


 Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.026 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 10 од пациентите заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 521 новозаболен, со што бројката на лица кај кои […]

Словенија на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи од Ковид-19


Според статистиката на школата Оксфорд Мартин, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од коронавирус, со просечен број од 23,23 пациенти на милион жители. Статистичките податоци покажуваат дека во моментов најтешка е состојбата во Југоисточна Европа, каде Бугарија е на врвот на листата со 19,86, Северна Македонија со 14,88 […]