Турција ќе го лансира својот прв комуникациски сателит 


Турција-Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган објави дека денеска ќе биде лансиран комуникацискиот сателит од петтата генерација „Турксат 5А“. – „Турксат 5А“, ако даде бог, ќе ни испрати прв поздрав од Вселената. Нека ни е со среќа, напиша Ердоган на социјалните мрежи. „Турксат 5А“. Е прв комуникациски сателит од турско производство.

Уште еден земјотрес во Петриња, а утре снег до 10 см


  Нов земјотрес во хрватска Петриња, со јачина од 3,5 степени по Рихтер, почувствуван попладнево во 18.24 часот, јавува ЕМСЦ. Сепак, Хрватската сеизмолошка опсерваторија потврди дека земјотресот бил со јачина од 3,9 степени според Рихтер. Граѓаните сведочат дека се почувствува силно во Сисак и во Петриња, а нешто послабо и во Загреб. Траел неколку секунди. […]

Во Србија помалку од 2.000 новозаразени


  Во Србија во последните 24 часа заразени се уште 1.787 лица, а починаа 35 пациенти, На респиратори во болниците се 229 пациенти, а во болниците има 6.311 на лекување. Во последните 24 часа на корона вирус се тестирани 8.845 лица. Во последните денвои кај нашиот северен сосед се забележува помал број новозаразени, а лекарите […]

Во Словенија 2.663 новозаразени, починаа 23 пациенти


  Во СЛовенија во последните 24 часа потврдени се нови 2.663 заразени со корона вирусот, а од последиците на болеста починаа 23 лица. Направени се 18.200 тестирања. Податоците за новозаразени се загрижувачки затоа што покажуваат раст во однос на оние пред седум дена, која дневно имаше по 2.423. Во болница се лекуваат 1.169 пациенти, а […]

Нови 43 жртви на Ковид-19 во Хрватска, заразени уште 562


  Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани нови 562 случаи на зараза со корона вируспт, а бројот на активни случаи е 6.272. Од нив 2.284 пациенти се на болничко лекување, а 200 на респиратор. Починаа 43 пациенти или вкупно досега 4.266. До денеска забалежани се 216.848 заразени, 206.310 оздравени, а во самоизолација се […]

Нов земјотрес од 3,5 степени во Петриња и Сисак


Уште еден земјотрес ја погоди денеска централна Хрватска, шест минути по пладне. Епицентарот бил меѓу Сисак и Петриња. Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 3,5 степени.

Клуге: Земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, како и Србија


Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска, на редовната прес-конференција за коронавирусот, рече дека земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, на начин на кој Србија веќе ги обезбеди. Тој беше прашан од новинар на британски Телеграф – кога другите земји во регионот од Западен Балкан „ќе обезбедат вакцини […]

Каракачанов ќе извиси на изборите?


Според последното истражување на агенцијата „Алфа рисрч“, само помалку од половина од Бугарите ќе гласаат на парламентарните избори во март, додека дури 22 отсто сигурно нема да гласаат.Исто така според оваа анкета, популарноста на актуелниот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов е под прагот од 4 отсто за влез во Националното собрание. Далеку поголема […]

Божик во пандемија – маските не ја намалија радоста за Христовото рождество


Христовото рождество дочекано без вообичаената предбожикна атмосфера, без песните на коледарчињата, без бадниковите поворки, без традиционалното палење огнови, во согласност со препораките на властите за спречување на ширење на коронавирусот. Имаше и по некое прекршување на наредбите, но тие беа малку за да го нарушат редот и мирот воспоставен на целата територија на државата за […]

Можна е евакуација на населението од Петриња


Хрватска – По вчерашниот земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала во Хрватска, полицијата никој не пушта во Петриња поради опасност од уривање на зградите што беа оштетени во потресот во декември. – Опасноста за секој човек е голема и мораме да ги дислоцираме од строгиот центар на градот, истакна градоначалникот на Петриња, Даринко […]

Во новиот потрес во Петриња оштетени неколку објекти и полициската станица


  Во новиот земјотрес што денеска ја погоди Петриња, со јачина од 5 степени по Рихтер, оштетени се неколку објекти, на терен веднаш се испратени екипи кои го прегледуваат подрачјето, а засега нема податоци за настрадани граѓани. „Засега стигнаа три пријави за штети на објекти кои веќе беа начнати, а забележана е штета и на […]

Дури 13 земји членки на ЕУ лобираат за нас да добиеме вакцини против Ковид-19


Европската унија треба да испрати вакцини за корона вирус на своите балкански соседи и да стори повеќе во борбата против вирусот во Украина, нагласија денеска министрите за надворешни работи на 13 земји-членки во заедничкото писмо до Европската комисија. Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Шведска наведуваат дека ЕУ […]

Бугарите пливаа по крстот и во време на пандемија


Илјадници православни христијани во Бугарија денеска ги игнорираа предупредувањата на здравствените власти да се воздржат од масони собири поради корона вируст. Тие и понатаму се држеа до своите вековни традивии за Богојавление, јави АП. Момчињата се нурнаа во студените води на езерата и реките за да излезат држејќи го распетието кое свештениците го фрлаа на […]

Петриња пак ја затресе земјотрес над 5 степени


Нов силен земјотрес од 5,3 степени по Рихтер вечерва во 18.01 часот повторно ја затресе Петриња. Според хрватските медиуми земјотресот траел десет секунди. Засега нема податоци дали земјотресот предизвикал нови уривања, но од Загреб се јавува дека има оштетувања на многу згради.  Жителите од Петриња и Глина изглегле од своите куќи и се или надвор […]

Во Србија повеќе од 2.800 новозаразени, починаа 39 пациенти


  Во Србија во последните 24 часа регистрирани се 2.882 случаи со корона вирус, а почина ауште 39 пациенти. Тестирани се 13.512 лица. На респиратори има 234 лица, а вкупно во болница од Ковид-19 се лекуваат 6.405 пациенти. Од почетокот на пандемијата во Србија од последиците од заразата починаа 3.444 пациенти. Вкупно се регистрирани 352.120 […]

Србија потпиша меморандум со Кина за набавка на брзи возови


Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, денеска потпиша Меморандум со амбасадорот на Кина, Чен Бо, за соработка за железнички возила, соопштија денеска српските власти. Со меморандум потпишан помеѓу „Србија воз“ и компаниите China Railway International Co. LTD “и” Crrc Corporation Limited “, беше договорена соработка и основа за потенцијална набавка на електрични возови […]

Нова ТВ: Во Бугарија илегално се продава крвна плазма како лек за Ковид-19


Бугарската телевизија Нова објави дека во земјата „на црно“ се продава крвна плазма од оздравени пациенти од Ковид-19. Цената на крвната плазна е над 2.500 евра. Новинарите на телевизијата Нова, претставувајќи се како заинтересирани купувачи, се сретнале со посредниците во кругот на една софиска болница. Посредниците тврделе дека крвната плазма е од човек кој оздравел […]

Во Хрватска нови 1.896 заразени, починаа 44 пациенти од Ковид-19


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 1.896 случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на актвни е 6.985. Мешу нив 2.264 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор 209. Починаа уште 44 пациенти. Од првиот забележан случај во февруари досега во Хрватска забележани се 216.286 заразени со корона вирус, […]

Во Србија почна имунизацијата со вакцината Спутник V, први ја примија Дачиќ и Вулин


Претседателот на српскиот Парламент Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек ја примија руската вакцина за коронавирус Спутник V во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак во Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ изјави дека тој и министерот Александар Вулин […]

Хоти: Косово ќе набави два милиони вакцини, првите пристигнуваат во февруари


Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека Косово досега постигнало договори за набавка на речиси два милиони вакцини против Ковид-19 и дека првите количини ќе пристигнат во месец февруари, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната прес-конференција Хоти информира дека 535 илјади вакцини се обезбедени со договорот со команијата „Фајзер“, 600 илјади со Австрија и […]