Во Србија помалку од 2.000 новозаразени
Во Србија во последните 24 часа заразени се уште 1.787 лица, а починаа 35 пациенти,
На респиратори во болниците се 229 пациенти, а во болниците има 6.311 на лекување.
Во последните 24 часа на корона вирус се тестирани 8.845 лица.
Во последните денвои кај нашиот северен сосед се забележува помал број новозаразени, а лекарите сепак предупредуваат да нема опуштање.
Кон крајот на минатата година во Србија почна вакцинација на најосетливите категории граѓани со вакцината на „Фајзер/Бионтек“, а вчера почна вакцинацијата и со руската „спутник V“ вакцина.