Уште еден земјотрес во Петриња, а утре снег до 10 см


 

Нов земјотрес во хрватска Петриња, со јачина од 3,5 степени по Рихтер, почувствуван попладнево во 18.24 часот, јавува ЕМСЦ.

Сепак, Хрватската сеизмолошка опсерваторија потврди дека земјотресот бил со јачина од 3,9 степени според Рихтер.

Граѓаните сведочат дека се почувствува силно во Сисак и во Петриња, а нешто послабо и во Загреб. Траел неколку секунди.

Денеска се почувствуваа уште два земјотреси во Петриња од 3,8 и 3,3 степени по Рихтер.

За утре пак, метеоролозите најавуваат снежни врнежи низ цела Хрватска, а во местата погоднеи од земјотреси, ќе има снег до 10 сантиметри.

Оваа воопшто не им помага нитуа на граѓаните кои се без кров над глава, а и константно исплашени од земјотресите, ниту пак на оние кои им помагаат.

За утре прогнозата вели дека ќе биде претежно облачни, додека при крајот на денот ќе преминува во врнежи од снег. Се очекува траен снежен покриваќ од 1 до 8 сантиметри, со слаб до умерен ветар од север и североисток. Најниската температура од -2 до 1, а дневната меѓу 2 и 4 степени Целзиусови.

И следните денови ќе биде облачно, но во сабота главно суво. Во недела и во понеделник повремено ќе паѓа снег, а снежната покривка се очекува да достигне висина од 5 до 10 см.

Температурите се во опаѓање, а во недлеа се очекува утринска од -4 до -1, а дневната од 0 до 3°C.