Во новиот потрес во Петриња оштетени неколку објекти и полициската станица
Во новиот земјотрес што денеска ја погоди Петриња, со јачина од 5 степени по Рихтер, оштетени се неколку објекти, на терен веднаш се испратени екипи кои го прегледуваат подрачјето, а засега нема податоци за настрадани граѓани.
„Засега стигнаа три пријави за штети на објекти кои веќе беа начнати, а забележана е штета и на полициската станица во петриња“, рече портпаролот на Штабот за отстранување на последиците од земјотресите, Младен Павиќ.
На терен се службите за преглед на подрачјето.
Со оглед на силата на потресот од 5 степени во времетраење од 10 секунди, штетите се очекувани, додава тој.
Во 18.01 часот сеизмографите на Сеизмолоѓката служба на Хрватска забележаа силен потрес со магнитуда од 5 степени по Рихтер со епицентар кај Петриња.
Според Евроспата медитеранска скала јачината е VI-VII степени.