Бугарите пливаа по крстот и во време на пандемија


Илјадници православни христијани во Бугарија денеска ги игнорираа предупредувањата на здравствените власти да се воздржат од масони собири поради корона вируст.

Тие и понатаму се држеа до своите вековни традивии за Богојавление, јави АП.

Момчињата се нурнаа во студените води на езерата и реките за да излезат држејќи го распетието кое свештениците го фрлаа на церомии во знак на сеќавање на крштевањето на Исус Христос.

Легендата вели дека лицето кое ќе го преземе дрвениот крст ќе биде ослободено од сите зли духови и ќе биде здрав цела година. Откако ќе излезат од водата, свештеникот ги прска со света водичка со босилек.

Во малото планинско место Калофер во централна Бугарија, десетина мажи облечени во традиционални бели везани кошули скокнаа во водите на реката Тунџа мафтајќи со национални знамиња и пеејќи народни песни. Пред тоа изведоа таканаречено „машко оро“, пренесе АП.

Градоначалникот на Калофер, кој вообичаено го води орото, годинава не им се придружи за да даде пример дека мора да се почитуваат прописите поради корона вирусот.

Неколку локални полицајци се обидоа да ги спречат луѓето да влезат во реката, заканувајчи им се со парични казни, но нивните повици беа игнорирани.

Богојавление се означува на крајот од 12 дена од Божик, и денеска го одбележуваа православните христијани во Грчката, Бугарската и Романската црква, а православните цркви на Македонија, Русија, Украина и Србија го следат Јулијанскиот календар, според кој Богојавление се слави на 19 јануари.

Некои западнохристијански цркви го прославуваат празникот Богојавление како Денот на трите кралеви, односно поклонение на трите мудреци кои на бебето Исус му донеле подароци од три страни на светот.