Во Словенија 2.663 новозаразени, починаа 23 пациенти


 

Во СЛовенија во последните 24 часа потврдени се нови 2.663 заразени со корона вирусот, а од последиците на болеста починаа 23 лица.

Направени се 18.200 тестирања.

Податоците за новозаразени се загрижувачки затоа што покажуваат раст во однос на оние пред седум дена, која дневно имаше по 2.423.

Во болница се лекуваат 1.169 пациенти, а 189 се на интензивна нега.

Забележани се 23 смртни случаи во последното деноноќие или вкупно досега 2.992.