Во Србија повеќе од 2.800 новозаразени, починаа 39 пациенти


 

Во Србија во последните 24 часа регистрирани се 2.882 случаи со корона вирус, а почина ауште 39 пациенти.

Тестирани се 13.512 лица.

На респиратори има 234 лица, а вкупно во болница од Ковид-19 се лекуваат 6.405 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Србија од последиците од заразата починаа 3.444 пациенти.

Вкупно се регистрирани 352.120 заразени, а досега се тестирани 2.358.102 примероци.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ изјави дека до мерките граѓаните ќе мора да се придржуваат до септември-октомври.

Главниот епидемиолог Предраг Кон пак, очекува по празниците за Божик се очекува благ пораст на бројот заболени.