Во Хрватска нови 1.071 заразени, а починаа 53


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.071 новозаразени, а бројот активни случаи е 5.908.

Меѓу нив 2.390 се на болница, а 200 на респиратор.

Починаа уште 53 пациенти од последиците од корона вирусот.

До денеска забележани се 214.390 заразени со корона вирусот, а починаа 4.179. Оздравеа 204.303 лица.

До денеска вкупно се тестирани 1.041.678 лица, од кои 6.602 во последните 24 часа.

„Вчера вакцинирани се 12.285 лица, а денеска уште околу 1.400“, соопштија од Кризниот штаб.

Динамиката на доаѓање нови пратки вакцини е секој понеделник по 17.550 дози. ДО март треба да се зголеми.