Во Србија од Ковид-19 починаа уште 41 пациент, заразени уште 2.653
Според последните податоци во Србија во последното деноноќие тестирани се 12.954 луѓе, а бројот на позитивни случаи е 2.653, додека починаа уште 41 пациент.
Најмногу новозаразени се во Белград – 704.
Од почетокот на пандемијата тестирани се повеќе од 2,34 милиони луше, а вкупно се регистрирани 349.238 позитивни случаи.
Досега, од последиците од Ковид-19 починаа 3.405 луѓе.
Во болниците во Србија има 16.719 толку пациенти кои се лекуваат од корона вирус, а на респиратор се 242 пациенти.
Кај нашиот северен сосед стигна уште еден контингент со 19.500 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“.
Според планот, почна вакцинацијата и на здравствените работници.