Невидена инвазија на скијачи на Копаоник, речиси никој не носи маски
Во српскиот скијачки центар Копаоник се случува вистинска инвазија на скијачи и други гости и покрај предупредувањата за корона вирусот. Според српските медиуми, инвазијата на Копаоник започнала во последните два дена од старата година, за да продолжи за новогодишниот викенд. Долги колони возила се гледаа на приодите кон најпознатата планина во Србија.
Фотографиите и видео инсертите покажуваат дека во барови и ресторанските бавчи не може да се најде слободно место. Сите се однесуваат како ситуацијата да е нормална. Поради епидемиолошки мерки, работата на баровите е ограничена на 18 часот.
Компанијата „Скијалишта на Србија“ објави дека биле преземени сите потребни мерки со цел да се обезбедат услови за безгрижно скијање и дека строго се почитуваат пропишаните мерки. Но тоа не се гледа на снимките од Копаоник.
Се проценува дека дневно на Копаник има над 3.000 скијачи, иако има само 20 сантиметри снег.
