Се намалува бројот на заразени во Србија, денеска 2.715, а починаа 39 пациенти
Во Србија во последните 24 часа забележани се нови 2.715 нови случаи со корона вирус, а починаа 39 лица.
Во Србија од првиот регистриран случај на 6 март, досега забележани се 346.585 заразени.
Од последиците од Ковид-19 починаа 3.364, а во последното деноноќие 39.
Епидемиологот Предраг Кон утрово рече дека вакцината треба да се употреби што поскоро, како ефикасно оружје во борбата против корона вирусот. Брзината на организирање на вакцинацијата влијае на текот на пандемијата, рече Кон за РТС. Тој го наведе Израел како пример, каде за десетина дена беа вакцинирани повеќе од милион луше, додека вакцинацијата оди многу поспоро во САД:
„По првите два брана имаме измерено дека 27,5 отсто од луѓето биле во контакт со вирусот, а со третиот круг тоа околу 35-40 отсто. Потребно е барем 60 отсто од луѓето да бидат имуни, а за тоа е потребно да се вакцинираат околу 1,5 милиони граѓани на Србија. Тоа сега зависи исклучиво од нас“, порача Кон.