Во Грција откриен новиот сој корона вирус
Први четири случаи заразени со новиот сој од корона вирус откриени се во соседна Грција, кај лица кои неодамна допатувале од Велика Британија.
Службеник кој сакал да остане анонимен вели дека лицата се во карантин, пренесе Ројтерс.
Се смета дека новата муатција на корона виусот откриена во Велика Британија, која се прошири ширум светот е многу позаразна од досегашните.
Грција денеска влезе во заострен рестриктивен режим во борбата против корона вирусот, кој ќе биде на сила до 10 јануари.
Мерките вклучуваат почициски час од 21 до 5 часот, прекин на порачките по пат на интернет во малопродажните објекти и затоврање на локалите како фризерски и козметички салони.