Во Словенија пристигнаа вакцините за медицинските лица
Словенечкото Министерство за здравство денеска соопшти дека во земјата пристигна контингент од 16.575 вакцини против коронавирусот за вакцинирање на здравствени работници.
За една недела се очекува нова испорака на вакцини со која се планира вакцинација на постарите граѓани и хронично болните пациенти.
Агенцијата СТА наведува дека секретарот на Владата на Словенија, Марија Магајне, изјавил дека околу осум илјади граѓани од домови за стари лица биле вакцинирани од првиот контингент вакцини, а потоа и вработените во тие институции и медицинските работници кои се најмногу изложени на коронавирус.
Магајне потврди дека контингентот што пристигна ќе биде доволен за вакцинирање на вработените во здравствениот сектор, а следниот што ќе пристигне следната недела ќе биде искористен и за вакцинирање на стари лица кои живеат самостојно, но прво ќе бидат вакцинирани граѓаните постари од 80 години.