Во Црна Гора 339 нови случаи на корона вирус


Во Црна Гора потврдени сe 339 нови случаи на корона вирус, од 1.714 тестирани, а пет лица починаа.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со ковид-19 од почетокот на јуни минатата година е 680, а од почетокот на 2020 година 689.

Во последните 24 часа оздравеле 333 пациенти.

Активни се вкупно 9.233 случаи на корона вирус.

Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на корона вирус во Црна Гора е 49.195.