Синот на Фрањо Туѓман на респиратор


 

МИрослав Туѓман, пратеник на ХДЗ во хрватскиот Сабор и син на првиот хрнатски претседател Фрањо Туѓман, примен е во болница во Клиниката за заразни болести во Загреб поради компликации со корона вирусот.

Од неселата се наоѓа на респиратор, пренесе „Вечерњи лист“, а со денови се борел со Ковид-19. Имал добри и лоши денови, но во саботата е однесен во болница на терапија со кислород, а од вчера е на респиратор.

Според најновите информации неговата состојба сега е стабилна.