Последни анкети во Бугарија: Иста мета, исто растојание


На изборите в недела, 11 јули, не се очекува никаква промена во составот на парламентот на Бугарија, покажуваат последните две анкети. Според нив, во новото бугарско собрание ќе влезат истите шест партии како и по изборите на 4 април, со тоа што првите две партии, ГЕРБ и Има таков народ, се речиси изедначени. Анкетата на […]

Јанина – град во кој се сака старото


Прастари дрвја, тврдина зад чии ѕидови живеат голем број од локалните жители, куќи со тераси од ковано железо, старински врати и прозорци, кафе барови како антикварници  – тоа е Јанина, град во северна Грција во кој се сака и се почитува старото. Никој ништо не урива, се гради како во минатото, никој не ги сече […]

Зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција


Грција – Зголемување на новите случаи на Ковиед-19, меѓу 156 и 266 отсто во изминатите четири дена, во споредба со една седмица претходно е регистрирано во Грција, како што соопшти професорот епидемиолог и член на надлежната комисија во Министерството за здравство Гикас Мајоркинис, јави дописничката на МИА од Атина. Мајоркинис преку неговиот Фејсбук профил ги анализираше […]

Меркел ги гледа балканските држави како идни членки на ЕУ


Германската канцеларка Меркел денеска на виртуелен самит со претставници на државите од Западен Балкан ќе разговара за иднината на регионот и меѓусебната соработка. За ова таа зборува и во својот видео-подкаст Се радувам што можам да ја продолжам работата со шефовите на држави или влади од шесте западнобалкански земи, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, […]

Од денеска нови правила за патување на грчките острови


Речиси истите правила и предуслови што важат за влез на странски туристи во Грција, односно или поседување сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид или негативен тест, од денеска важат и за патувањата на грчките острови, без оглед дали е со брод или авион, јави дописничката на МИА од Атина. За патување со сертификат […]

Македонска државјанка спасена од давење во албанското одморалиште Шенѓин


Повозрасна македонска државјанка е спасена од давење во познатиот албански пристаншен град Шенѓин, каде била на одмор. – Станува збор за 70-годишна жена од Северна Македонија, која кога почнала да се дави, на помош и притекнале капачи кои биле во нејзина блзна. Ја извадиле на брегот, по што веднаш била пренесена за потребна лекарска помош […]

Харадинај: Дијалог со Србија само со посредство на САД, нема мини шенген без заемно признавање


Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, во интервју за албанската Ора њуз, изјави дека дијалогот Приштина-Белград не треба да продолжи без присуство на Соединетите Американски Држави, јави дописничката на МИА од Тирана. Тој смета дека треба да се одвива со посредство на САД, а не на ЕУ. – Ние сега треба да ја поканиме Америка […]

Турција повторно побарала од Албанија екстрадиција на приврзаниците на Фето


Албанија – Турција уште еднаш побарала од Албанија екстрадиција на сите лица кои Анкара ги смета за терористи, јави дописничката на МИА од Тирана. Портпаролот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, за време на средбата во Тирана, на премиерот Еди Рама му го повторил ставот на Турција за опасноста што ја носи организацијата ФЕТО. – Албанските власти […]

На белградски Торлак утре од Русија ќе пристигне супстанца за 250.000 дози на Спутник V


Српскиот министер за иновации и технолошки развој и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија, Ненад Поповиќ најави дека утре во Србија ќе биде доставена значителна количина на супстанца за производство на вакцината „Спутник V“ во Институтот „Торлак“, јави доспиникот на МИА од Белград. – Ова е количина на супстанца доволна за производство на […]

На крајот на август Бугарија може да се соочи со ризик за фрли вакцини


Бугарското Министерство за здравство во моментов разработува план како да се реагира на евентуален нов бран од Ковид-19, изјави привремениот премиер Стефан Јанев во интервју за неделната емисија за внатрешна политика „Недела 150“ на Бугарското национално радио. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Јанев во интервјуто коментира дека и покрај тоа што математиката […]

Јанев: Бугарија не одбила 20.000 вакцини


Бугарија – Бугарското Министерство за здравство во моментов разработува план како да се реагира на евентуален нов бран од Ковид-19, изјави привремениот премиер  Стефан Јанев во интервју за неделната емисија за внатрешна политика „Недела 150“ на Бугарското национално радио. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Јанев во интервјуто коментира дека и покрај тоа што […]

Четворица загинати во пожарот на Кипар


Во катастрофалниот пожар загинаа четири лица, а веројатно станува збор за египетски работници, кои од вчера попладне се водеа за исчезнати и се трагаше по нив, соопшти утрово кипарскиот министер за внатрешни работи Никос Нурис, јави дописничката на МИА од Атина. Ситуацијата со пожарот што изби вчера, утрово е подобрена со само две активни жаришта, […]

Во Благоевград денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалник


Бугарија– Во  југозападниот бугарски град Благоевград денеска се избира градоначалник. Пред една недела на 27 јуни Илко Стојанов, од партијата „Има таков народ“ на шоуменот и ТВ водител, Слави Трифонов, доби најмногу гласови во првиот круг од изборите за градоначалник на Благоевград, јави дописникот на МИА од Софија. Стојанов денеска ќе се натпреварува со инженер Румен […]

Една недела пред изборите Борисов отиде да се види со Ердоган


Веројатно во обид да привлеќе дел од муслиманските гласачи на една недела пред изборите поранешниот бугарски премиер и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов, замина во Турција да се види со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Информацијата за посетата беше објавена со кратко видео на Фејсбук во кое двајцата лидери се пофалија еден со друг за успешно […]

Големи пожари на Кипар, се евакуираат села, а земјата бара помош од ЕУ и Израел


Кипар побара воздушни средства од Израел и Европската унија за да помогнат во гаснењето на големите пожари што се вон контрола во областа Лимасол, поконкретно во селата Акрапас, Ептагониа и Оду, а веќе се евакуирани неколку села, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на Противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис, преку Твитер, соопшти дека […]

Пожар на Кефалоња, превентивно евакуирано село


Превентивно е евакуирано селото Капандрити на грчкиот остров Кефалоња, поради шумскиот пожар што избувна денеска, а противпожарните служби интервенираат со седум авиони, два хеликоптери, 38 пожарникари со осум возила и три пешадиски тима, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, огнените јазици стигнале и до дворовите на дел од куќите, а градоначалникот на […]

Турско МНР: Целосно ги отфрламе обвинувањата за трговија со луѓе


Турското Министерство за надворешни работи го отфрли американскиот извештај за трговија со луѓе, во кој Анкара е критикувана за обезбедување „оперативна, финансиска и поддршка во вид на опрема“ на сириска вооружена група која регрутира деца. Американскиот Стејт департмент во четвртокот ја обвини Турција и уште 14 земји за употреба на деца војници, и ова е првпат […]

Меркел: Иднината на Западен Балкан е во обединета Европа


Гермнија– Убедена сум дека иднината на Западен Балкан лежи во вистинска обединета Европа, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по повод претстојниот виртуелен самит од Берлинскиот процес, закажан за понеделник, на кој домаќин е Германија. Меркел, во видео порака кажа дека е среќна, иако тоа ќе биде само виртуелен состанок, што ќе и овозможи да […]

Џефри Ховениер нов американски амбасадор во Косово


Косово– Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден го номинира Џефри М. Ховениер за нов американски амбасадор во Косово, објавија синоќа медиумите во Приштина, пренесувајќи соопштение на Белата куќа во Вашингтон. Ховениер на чело на дипломатската мисија на САД во Косово ќе го наследи Филип Коснет, кој за амбасадор во Приштина беше номиниран од поранешниот […]

Одредени пластични производи за еднократна употреба од денеска забранети во Грција


Грција– Пластични производи за еднократна употреба како што се прибор за јадење, чинии, сламки, чаши, производи од стиропор, кутии за храна од стиропор, стапчиња за уши, капаци за чаши, од денеска се забранети за употреба во Грција, согласно законот што важи во сите земји од Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот закон, […]