Ако Хрват одбие да се попише, ќе плати казна од близу 700 евра
Секој жител на Хрватска според Законот за попис на населението, ако одбие да се попише ќе плати казна од две до пет илјади куни, односно 665 евра.
Пописот во Хрватска почнува за две недели, а директорката на Државниот завод за статистика, Лидија Брковиќ вели дека попис на населението се врши врз основа на изјавите на поединците, додека попишувачот нема право да бара документи ниту да ги проверува одговорите кои ги дава попишуваниот.
Пописот ќе се спроведе во две фази, првата ќе биде самопопишување, односно преку интернет на систмеот е-граѓани, а потоа следува теренско попишување на оние кои несе попишале онлајн. Теренската работа ќе се одвива од 27 септември до 17 октомври.
Од 13 до 26 септември граѓаните ќе можат да се попишат преку интернет и тоа само еден член на семејството може да ги внесе податоците за сите.
Системот овозможува и попишување на постари лица кои не знаат да користат компјутер, па тоа ќе може да го направи некој помлад од семејството иако не живеат во исто домаќинство, но со полномошно на нивно име.
Оној кој самостојно ќе се попише ќе добие шифра дека се попишал, па кога ќе дојдат опишувачи на врата, тој може само да му ја подаде кусо шифрата, која претходно ја фотографирал, ја испечатил или само ја запишал
Сите собрани податоци се доверливи, па Управата за јавни приходи на пример нема да може да ја провери даночната картичка на граѓанинот.