Мицотакис: Нема веќе затворање на границите


Грција повторно нема да преземе мерки за затворање затоа што повеќето граѓани ќе бидат вакцинирани, рече премиерот на таа земја, Киријос Мицотакис. „Неподготвеноста на населението да се вакцинира не е проблем само на Грција, туку и на глобално ниво. Не можеме да ја направиме вакцинацијата задолжителна, но земјата нема повторно да се затвори за да […]

Во Подгорица средба Ѓукановиќ – Палмер


Целта на САД е стабилна Црна Гора на европскиот и евроатлантскиот пат, заштитена од надворешни влијанија, нагласи заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер на вчерашната средба со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Палмер додаде дека е во интерес на САД да придонесат за стабилноста на Западен Балкан во партнерство со Европска Унија, со порака […]

Бугарија за две години ќе произведува електромобили на германската компанија e.GO Mobile


Во следните две години се очекува во Бугарија да почне производството на електрични автомобили на германската компанија e.GO Mobile, изјави денеска бугарскиот технички министер за економија, Кирил Петков, на брифинг во Советот на министри. Компанијата е една од двете со хомологација на ЕУ ( издавање дозвола од официјално тело). Втората голема компанија во Бугарија – […]

Во Грција нови 1.820 случаи на Ковид-19


 Втор ден по ред, во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.820 новозаразени, од кои повторно најголемиот дел се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, додека пак починаа девет лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 1.061 случај е […]

Борисов ќе бара азил во Турција?


  Медиумите во соседна Бугарија пишуваат дека екс премиерот Бојко Борисов сакал да добие азил во Турција. По средбата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на која немаше бугарско знаме, порталот „Сега.БГ, оценува дека посетата на 3 јули била со цел да се обезбеди азил за Борисов во Турција. На Фејсбук, […]

Нови 141 заразени во Хрватска, починаа тројца


  Во последните 24 часа забележани се 141 нов случај со ковид-19 во хрватска со што бројот на активни изнесува 596. Од ниц 120 се во болница, а шестмина се на респиратор. Починаа тројца. Досега во хрватска се забележани 360.483 заразени, од кои починаа 8.224. До денеска тестирани се 2.176.865 лица, а 4.982 во последните […]

Зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 на Кипар


Нагорен тренд, бележи Кипар во изминатите денови, во однос на новите случаи на Ковид-19, со оглед на тоа дека вчера беа регистрирани 827 новозаразени, односно 1,99 отсто позитивни од направените тестови, што е највисок процент во изминатиот период. Од почетокот на месецов, индексот на позитивни случаи од направени тестови е над еден (од 1,2 до […]

Во Албанија над милион вакцинирани против Ковид-19, половината се ревакцинирани


Албанија досега достигна бројка од милион вакцинирани граѓани против Ковид-19, од кои половина се ревакцинирани. Веста ја објави премиерот Еди Рама, преку фотографија на социјалните мрежи. „+ 1милион. Албанија се насмевнува, напиша Рама. Процесот на вакцинација во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува“, почна на 11 јануари првите лица кои биле вакцинирани беа медицинскиот персонал, […]

Бугарија не знае што да прави со вакцините, интересот е многу мал


Службениот премиер Стефан Јанев објави дека бугарската влада ќе одлучува на која земја да и ги донира своите преостанати дози на вакцини против Ковид-19 бидејќи постои голем ризик нивниот рок на траење да истече наскоро. Досега Бугарија прими 4,8 милиони дози вакцини, но користени се само 1,8 милиони дози. Вакцинацијата во Бугарија не е задолжителна, […]

Построги мерки за баровите и кафулињата во Грција


Грција– Од 8 јули сите угостителски објекти во Грција, како што се баровите, кафулињата, местата за забава и слично, ќе работат само за гости кои седат на маса, а за прекршување на мерките предвидени се строги казни и затворања на објектите, соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Десетици млади заразени со Ковид-19 по забави во бич бар во Атина


Грција – Десетици случаи на Ковид-19 кај млади се регистрирани во Атина по забави организирани во познат бич бар, објавија грчките медиуми, кои пишуваат дека бројот на заразени е околу 100, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, младите кои присуствувале на забавите во изминатите дена, преку социјалните мрежи коментираат дека тие лично или […]

Јонските острови со најголем процент на вакцинирани во Грција


Грција – Со 47 отсто од жителите целосно вакцинирани и 55 проценти со примена прва доза, регионот на Јонските острови е прв меѓу 13-те периферии во Грција според имунизациската покриеност, јави дописничката на МИА од Атина. Според последните официјални податоци, најнизок е од одѕивот на граѓаните во централна Грција, 31 отсто се ревакцинирани, а 42 проценти […]

Во албанскиот град Љушња за корупција приведени општински раководители, меѓу нив и градоначалникот


 Албанското специјално обвинителство, СПАК, денеска ја започна најавената масовна антикорупциска акција. Заедно со припадници на специјалната полициска единица за брзи интервенции и високи полициски службеници претпладнево ваква акција се спроведува во градот Љушња. Приведени се шест лица, меѓу кои и градоначалникот Фатос Туше, под сомнение за злоупотреба на тендери а по три други лица се […]

Откажани денешните летови кон Италија од аеродромот во Тирана


Поради генераленот штрајк на давателите на услуги за воздушен транспорт во Италија, денеска откажани се четири лета од меѓународниот аеродром во Тирана кон Италија, објави Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).  Откажани се летовите на „Ер Албанија“: Тирана 14:45-Писа 16:20  и Писа 17:20-Тирана 18:55 часот.  Исто така се одложени  и летовите на „Алиталија“: Рим 17:00 -Тирана 18:25 и Тирана […]

Австрија: Цел Западен Балкан на „зелената“ листа за патување


Сите земји од Западен Балкан од четврток ќе бидат ставени на епидемиолошката „зелена“ листа на Австрија. Како што е најавено во Виена, со уредба која стапува во сила в четврток, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија. Досега само Србија и Северна Македонија, како и Албанија, беа на „зелената“ […]

Бугарската компанија која вакцинира граѓани на границата со С. Македонија, прекинува да работи на 31 јули


По месец и половина откако ја започна вакцинацијата на граѓани на границата со Северна Македонија, бугарската компанија „Комак медикал“ ја прекинува работата на 31 јули, потврди за дописникот на МИА од Софија сопственикот на фирмата и лекар Милен Врабевски. Причина за одлуката, според Врабевски, е дека Северна Македонија обезбеди вакцини за граѓаните во различни градови […]

Бројките се враќаат: Во Бугарија починале 41 лице од Ковид-19


За последните 24 часа се регистрирани 98 нови случаи на Ковид-19 во Бугарија од извршени 19.607 тестови. Тоа значи дека процентот на позитивни примероци останува мал – 0,5%. Откако немаше регистрирано жртва на вирусот претходниот ден, во изминатите 24 часа бројката стигна до 41, што ја рангира Бугарија на второто место по бројот на смртни […]

Рама на самитот за Западен Балкан: Национализмите на ЕУ го комплицираат процесот


Албанскиот премиер Еди Рама на виртуелниот Самит за Западен Балкан, не штедеше критики кон ЕУ и рече дека иако самата ЕУ зборува за гаснење на национализмите на Балканот, всушност тоа ги покажува нивните национализми што го попречуваат процесот на интеграција за Албанија и земјите од Западен Балкан, пренесува Топ чанел. -Како прво, би сакал да […]

Ужас на северот на Хрватска: Држел роб 28 години


  Полициските службеници во Хрватска ја завршија истрагат за осомничен 65-годишник на подрачјето на Копривничко-Кижевачката жупанија. И тоа поради сомнеж за сторено казнено дело тргување со луѓе. Приведениот маж се сомничи дека држел друг маж полни 28 години држел како роб, го злоставувал и го терал на тешка физичка работа, а притоа го држел во […]

Грција започнува доброволна вакцинација на деца од 15 до 17 години


Грција– Комисијата за вакцинација на Грција даде позитивно мислење за доброволна вакцинација на децата од 15 до 17 години со согласност од родител или старател, а следната седмица ќе биде отворена платформата за закажување термин, соопштија претседателката на комисијата Мариа Теодориду и генералниот секрар во Минстерството за здравство Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција, […]