Во Србија уште 2.800 новозаразени


Според последните податоци, во соседна Србија регистрирани се уште 2.800 новозаразени со корона вирусот.

Починаа 21 пациент. На респиратори се уште 108 пациенти, додека во болница се лекуваат 1.479 заболени од Ковид-19.

Стручњаците во Србија секојдневно предупредуваат дека епидемилошката ситуација од ден на ден е се полоша, а потребно е граѓаните да сфатат дека бројките се загружувачки. Многу често со делта сојот загрозени се и младите луѓе.

Надлежните ги повикуваат граѓаните на одговорност и да се вакцинираат за да се заштитат себеси и другите. Сепак, вакцинацијата не е задолжителна.