Српскиот патријарх Порфириј не се откажува од устоличувањето на Јоаникиј на Цетиње


Српскиот патријарх Порфириј синоќа објави дека Српската православна црква нема да се откаже од устоличување на митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј во манастирот Цетиње.

„Утре наутро, со Божја помош и молитва за мир, сите архиепископи ќе заминат на Цетиње за да го устоличат владиката Јоаникиј во трон митрополит црногорско-приморски“, изјави Порфириј за Танјуг, пренесе Бета.

Претходно, дел српски и црногорски медиуми објавија дека устоличувањето во Цетиње е откажано поради безбедносни ризици.

Порталот Борба, близу до владејачкиот Демократски фронт, објави дека устоличувањето е откажано, но дека патријархот Порфириј одбил да го престоли Јоаникиј во Подгорица.

Тензично е во главниот град на Црна Гора денеска. Утрово на Цетиње, полицијата фрли солзавец врз граѓани на повеќе локации кои протестираат против најавеното устоличување на митрополитот Јоаникиј во манастирот Цетиње. Во главниот град од раните утрински часови се слушаат полициски сирени. Устоличувањето на Јоаникиј, е планирано за денеска во 8 часот во манастирот Цетиње, јавија црногорски медиуми.