Црна Гора: Јоаникиј устоличен во манастирот Цетиње, тензиите продолжуваат


Денеска во манастирот во Цетиње беше устоличен митрополитот Црногорско -приморски Јоаникиј. На ова се противат група демонстранти, кои побараа церемонијата да се одржи надвор од манастирот Цетиње.
На устоличувањето на Јоаникиј, српскиот патријарх Порфирије рече дека Јоаникиј е избран за митрополит Црногорско -приморски.

„Голема должност и чест е да дојдам на престолот на Свети Петар Цетински и на многу светци“, рече Порфириј. Не дојдовме тука за да одземеме и загрозиме нешто или, не дај Боже, да украдеме, дојдовме да го извршиме светиот чин на востоличување “, рече Порфириј.

Тој додаде дека „мирот е потребен овде повеќе од се“.

Инаку, на целата церемонијја претодеа многу тензии.

На блокадите кај Белведере во Црна Гора е употребено огнено оружје, јави РТЦГ повикувајќи се на Управата за полиција. Нема извештаи за повредени. На истата локација претхгодно беше регистрирана и експлозија.

Откако е запалена блокадата кај Белведере, насобраните демонстранти кои се противат на устоличувањето се упатија кон Цетиње додека во манастирот беше во тек устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски Јоанакиј.

Во градот е речиси неможно да се движат луѓе поради голем број фрлени солзавци, јавија црногорски медиуми.

Патријархот на Српската православна црква, Порфириј и митрополитот црногорско-приморски, Јоаникиј, со хеликоптер пристигнаа во манастирот Цетиње. Нив ги обезбедуваат силни полициски сили, јавија црногорски медиуми. Хеликоптерот слета пред манастирот Цетиње.

Автобусите со свештеници кои беа на пат за Цетиње се вратија во Подгорица.