Бројките во Србија и натаму високи – 3.497 нови случаи


Бројот на новоинфицирани од ковид во Србија не се намалува – во последниве 24 часа има 3.497 случаи. Починаа 19 лица. Официјално во Србија се регистрирани 7.358 смртни случаи.

На болничко лекување се 1.451 пациенти, од кои на респиратори се 93.