Слoвенечки новинар: Расколот меѓу вакцинираните и оние кои не сакаат вакцина е поразителен


 

Словенечката влада повикува на вакцинирање што поголем број луѓе, а имунизацијата од 70 отсто би била пожелна затоа што со тоа значително ќе се намали бројот на новозаразени, хоспитализирани и починати. Од Љубљана на оваа тема за ХРТ зборуваше уредникот на „Младина“ Роберт Ботери.

Тој појасни дека не е во редакција, туку дома, затоа што му тече носот. Бил преладен. Велид ека е вакциниран, а утрово пред да ја носи ќерката на училите направил тест за корона и бил негативен.

„Имаме договор во редакција ако не си 100 посто здрав, да останеш дома. Нашите ученици добиваат тестови за самотестирање и се тестираат секои два дена. Јас позајмив еден од ќерка ми и се тестирав сам. Во семејството сиоте сме вакцинирани“, вели Ботери.

На прашањето каква е ситуацијата со корона вирусот во Словенија вели дека ситуацијата експлодирала.

„Влера имавме 750 новозаболени,па така веќе уитре че бидеме во темоцрвена фаза. Бројките експонентно растат во последните сеудм дена. Што се однесува на бројот заразени ситуацијата е на ниво од 1 мај. Во болниците имаме малку пониски бројки, но и тие ќе се наполнат, веќе има 150 хоспитализирани и 40 на интензивна нега“, вели Ботери.

Смета дека во Словенија проблем е почетокот ан учебната година, која почна вчера.

„Кај младата популација 11 отсто од децата на возраст од 12 до 18 години се вакцинирани и тоа значи дека заразата за 14 дена ќе се шири со многу поголема брзина“, вели Ботери.

Речиси никој не се вакцинирал во последниот месец

Сепак, како главен проблем во Словенија, како и во цела источна Европа, го наведува фактот што стигнавме до 40 отсто вакцинираност и тој процент сопре. Сега оди многу споро, а во последниот месец речиси никој не се вакцинирал.

„Се случи голем раскол меѓу вакцинираните и оние кои не сакаат да се вакцинираат. Не постои комуникација меѓу тие две популации, освен навредување и заострување“, објаснува Ботери каква е состојбата во Словенија , додавајќи дека се размислува за воведување задолжителна вакцинација за постарите, во здравството, школството и социјалната нега.

„Наговарате популација која не верува во тоа што го зборувате и сѐ што правите е залудно. Се покажа во Словенија дека комбинацијата на репресија и епидемија направи таков раскол што сега владата што и да каже и да направи, лушето не ѝ верува, а не веруваат 70 отсто од луѓето. Потоа не им веруваат ни на мерките кои ги нсоат. не сум сигурен дека Словенија сега е во позиција да воведува нови мерки, како некои западни држави, да воведат ригорозни мерки за задолжитлено вакцинирање. Повеќе верувам дека би дошло до поразителен раскол кој може да се мери со некоја моредна граѓанска војна“, вели Ботери.