Рама во новиот владин кабинет има дури 12 министерки


Фото: Б. Грданоски

Лидерот на албанските социјалисти и актуелен премиер, Еди Рама, на денешната седница на Националното собрание на партијата го соопшти составот на новиот владин кабинет.

Нема некои поголемии изненадувања околу имињата на членовите на владата „Рама 3“, но она што посебно паѓа в очи е застапеноста на министерки. Од 16 министерски места во дури 12 ќе седнат жени.

Рама одлучи негова десна рака, заменик-премиер, да биде Арбен Ахметај, кој доаѓа на местото на Ерион Браче, кој го објави своето заминување пред неколку дена преку социјалните мрежи.

Ново-стари министери се Олта Џачка за Европа и надворешни работи, Огерта Манастирлиу за здравство, Белинда Балуку за инфраструктура, Нико Пелеши за одбрана, Бледи Чучи, за внатрешни работи Елва Маргарити, за култура и Евис Куши за образование.

Владата ќе има и четворица државни министри, сите жени.

Ова е трета по ред влада раководена од Рама, откако неговата партија победи на изборте на 25 април годнава.

Според најавите за неа ќе се гласа на 10 септември, кога е закажана конститувната седница на новиот законодавен дом.