Прв случај на делта сојот потврден во БиХ


БиХ– Делта сојот на коронавирусот е потврден кај жена од Меѓугорје, Босна и Херцеговина, објавија дел од босанските медиуми. Делта сојот првпат е откриен во Индија, а стана глобално доминантна варијанта на Ковид-19. Овој сој се смета за повирулентен, но не е докажано дека е посмртоносен. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести […]

Во Албанија во акцијата „Душа“ запленет имот од милиони евра, шест тони дрога, уапсен обвинител и првиот човек на албанската антимафија


Албанија– Запленет имот вреден милиони евра, ресторани, хотели, супермаркети , четири компании, градежно земјиште и притворени 38 лица е билансот од големата акција „Душа“ финализирана денеска во утринските часови од страна на албанското специјално обвинителство (СПАК) во соработка со италијанската полиција во четири земји – Албанија, Италија, Црна Гора и Шпанија, јави дописничката на МИА […]

Нови мерки на хрватските граници – од денес сите земји од ЕУ мора да го имаат документот


Километарски колони создадени на граничните премини со Хрватска, затоа што граѓаните на ЕУ не биле информирани за новата одлука – дека е задолжително да имаат „зелен пасош“ за секого. Во Хрватска стапи на сила Регулативата за дигиталниот сертификат на ЕУ, како и новата одлука за преминување на границата, според која граѓаните на ЕУ можат да […]

Руси и Чеси ја шпионирале воената вежба на НАТО во Албанија


Албанското обвинителство отворило истрага против двајца руски и петмина чешки државјани за шпионажа на воените вежби на НАТО „Дифендер Јуроп“, пренесува порталот „Албаниан дејли њуз“. Покрената е истрага против руските државјани Георги Буданов и Владислав Черкасов, кои биле во Албанија за време на воените вежби на НАТО во мај-јуни. Според албанската полиција, тие  собирале тајни […]

Во два дена во Загреб уапсени 18 луѓе поврзани со Бандиќ


Во големата аакција на УСКОК која опфаќа пет краци на корупција во Загреб, Хрватска, уапсени се 18 луѓе. Пет краци на големата акција Првиот крак се однесува на митото што го земал поранешниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, кому, во име на својот роднина, претприемачот Милан Лончариќ, му го носел шефот на ХРТ Казимир Бачиќ. […]

Данска ќе донира два милиона вакцини „АстраЗенека“ за земјите од Западен Балкан


Данска – Данска ќе донира два милиона дози од вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово, како и дополнителни милиони дози од истата вакцина за програмата КОВАКС. Данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, изјави дека е задоволен што може да им помогне на блиските партнери […]

Илјадници демонстранти на улиците на Турција по излегувањето на Анкара од Истанбулската конвенција


Турција– Илјадници луѓе, главно жени, протестираа вчера во Турција против излегувањето на нивната земја од Истанбулската конвенција, меѓународен договор за спречување на семејно насилство. Потегот веднаш беше осуден од ЕУ, САД и бројни групи за човекови права. Демонстрантите во центарот на Истанбул носеа транспаренти како што се: „Не се откажуваме од Истанбулската Конвенција. За нас […]

Шефот на бугарската дипломатија го поздрави почетокот на Словенија со претседателството со ЕУ


Бугарија – Министерот за надворешни работи на Бугарија во техничката влада, Светлан Стоев, и честиташе на Словенија по повод почетокот на нејзиното претседателство со Советот на Европската унија, од вчера, 1 јули 2021 година. За време на приемот во резиденцијата на словенечката амбасада во Софија тој изрази надеж дека мотото на словенечкото претседателство „Заедно. Одржливи. Европа“ […]

По бегството од над осум месеци, уапсен вториот човек на Златна зора, кој беше осуден на речиси 12 години затвор


Грција – Вториот човек на неонацистичката Златна зора и поранешниот пратеник од партијата Христос Папас, осуден на затворска казна од 11 години и девет месеци, по над осум месеци бегство, доцна синоќа беше уапсен во атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина. Кон крајот на октомври минатата година кога судот во Атина ги соопштуваше пресудите […]

Потврдени 25 нови случаи на Делта сојот во Грција


Грција – На 54 се зголеми бројот на регистрирани случаи на Делта сојот во Грција, откако Националната организација за јавно здравје во денешниот, седмичен извештај за мутациите, соопшти дека се потврдени 25 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Од анализиран 1.201 позитивен случај во периодот од 31 март до 21 јуни 2021 година, 790 […]

Од понеделник патување на островите во Грција само со сертификат за вакцинација или негативен тест


Грција– Сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР или рапид тест, од понеделник ќе бидат задолжителни за патување на грчките острови, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката, базирана на препораката на Комисијата на епидемиолози, попладнево ја соопшти заменик- министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, кој објасни дека од 5 […]

Швајцарија со нова финансиска поддршка за зајакнување на соработката на земјите од Западен Балкан


 Со договорот што денеска беше потпишан во Тирана, Фондот за Западен Балкан доби финансиска поддршка за зајакнување на соработката и засилување на размените во регионот, јави дописничката на МИА од Тирана. Договорот, вреден 900.000 евра го потпишаа швајцарскиот амбасадор, Адријан Мајтре и директорот на Фондот за Западен Балкан, Ѓерѓи Мура, а се однесува за поддршка […]

Фандакова: Софија започнува вакцинација по фирми


 Градските власти во Софија од понеделник ќе започнат да прифаќаат апликации од компании, претпријатија и деловни центри, во кои има најмалку 50 лица кои сакаат да ги вакцинираат своите вработени против „Ковид-19“, објави градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова. Како што јави дописникот на МИА од Софија,  Фандакова ќе испрати тимови за вакцинација на лице место. Апликацијата […]

Вакцинираните во Грција ќе имаат повеќе слободи, истото важи и за туристите


Грција– Со новите мерки што од 15 јули ќе се воведат во Грција за затворените делови на угостителските објекти, кината, театрите, стадионите и спортските сали, кои може да работат или само за вакцинирани лица и оние кои прележале Ковид-19 или да бидат мешани простори, според портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, целта е заштита на […]

Турција службено се повлече од Истанбулската конвенција


Турција – Турција денеска официјално се откажа од меѓународниот договор насочен кон борба против насилството врз жените, т.н. Истанбулската конвенција, што е одлука на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, која предизвика жестоки критики од домашната и меѓународната јавност. Во повеќе турски градови во текот на денов се предвидени протести поради повлекувањето од Истанбулската конвенција, кое го најави […]

Парада на гордоста денеска во Приштина


Активисти и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата во Косово денеска по четврти пат ќе ја организираат Парадата на гордоста, која се одржува во рамките на годинешната „Недела на гордоста“. Парадата ќе се одржи во самиот центар на Приштина, во пешачката зона, со почеток во 11:30 часот, а ќе се финализира со пригодни говори и со концерт на платото кај […]

Грција најави отворање на сите копнени гранични премини


Отворање на сите копнени гранични премини на Грција со соседните земји, меѓу кои и Ники/Меџитлија и Дојран кон Северна Македонија и тоа со 24-часовно работно време, почнувајќи од денеска, најавија грчката заменик-министерка за туризам Софија Захараки и шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Марија Андониу. – Ги зајакнуваме копнените граници, од денеска, копнените […]

Комисијата на епидемиолози во Грција размислува да препорача вакцинација на деца од 15 до 17 години


Грција– Постои размислување да препорачаме вакцинација на децата од 15 до 17 години, вели професорката за детски инфективни болести и членка на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција Вана Папаевангелу во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Папаевангелу објасни дека ова размислување е поради тоа што децата […]

Почина грчкиот дипломат и преговарач во разговорите за името Адамантиос Василакис


Грција – Долгогодишниот претставник на Грција во разговорите за името во ОН и искусниот грчки дипломат, Адамантиос Василакис почина вчера на 79- годишна возраст, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Грција велат дека Василакис, „беше пример и извор на инспирација за сите оние кои имаа среќа да го запознаат“, но […]

Пахор: Словенија останува на традиционалниот либерален пат


Словенија – Претседателот на Словенија, Борут Пахор изјави дека неговата земја ќе остане на традиционалниот либерален пат и ја отфрли можноста дека „автократската политика на Владата“ би можела да го загрози шестмесечното претседавање со Европска Унија. – Се разбира, има некои активности на Владата со кои не се согласувам. Се надевам дека ова е шанса Владата […]