Во Србија 2.335 нови случаи, починаа 12 лица


Според официјалните податоци, во последните 24 часа, уште 12 лица починале како резултат на корона вирусот во Србија, така што вкупниот број на жртви е 7.278, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство.

Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 12.740 луѓе се тестирани за корона вирус, а 2.335 се позитивни.

Има 75 пациенти на респиратори. Вкупно се хоспитализирани 1.157 лица.

Од почетокот на епидемијата, официјално се потврдени 759.952 случаи на инфекција во Србија. Стапката на смртност е 0,96 проценти.

Вкупно во Србија досега се тестирани 5.009.861 лица.