Во Србија уште 3.346 новозаразени


Во соседна Србија денеска се регистрирани уште 3.346 новозаразени со корона вирусот.

Починаа 15 пациенти од последиците од болеста. На респиратор се 87 пациенти.

Во Србија се влошува епидемиолошката состојба, а стручњаците предупредуваат дека најсилниот удар се очекува кон средината на септември.

Кога станува збор за новата учебна година, многу родители се загрижени за здравјето на своите деца, па лекарите порачуваат дека треба мирно да се пристапи на поаѓањето во училите и не треба да се крева тензија.