Комплексот Свети Стефан во Црна Гора, повторно ќе се отвори по пет години


Хотелскиот комплекс и симбол на луксузот во Црна Гора, Свети Стефан, конечно ќе ги отвори своите врати ова лето, соопшти премиерот Милојко Спајиќ. Ова следува по одобрувањето на спогодбата меѓу Владата и компанијата „Adriatic Properties“, која ќе управува со комплексот на островот Свети Стефан и воилата Милочер. Според премиерот Спајиќ, со оваа одлука е зачуван […]

Наставничка од БиХ во класот имала глуво дете – ги научила сите деца на знаковен јазик: Сега се бори со рак


Здружението Pomozi.ba започна хуманитарна кампања за наставничката од Сараево Санела Љумановиќ, која боледува од рак на белите дробови кој метастазирал во мозокот, ‘рбетот и коските. Сè започнало навидум безопасно. Минатата година, таа отишла кај ортопедски хирург поради болки во грбот и колкот, не сфаќајќи дека нејзиниот живот ќе се промени целосно. Откако ја дознала дијагнозата, […]

Скандал во хрватската мисија во ОН: Работничка украла 750.000 долари


Во Њујорк, Рената Супина-Салтус, работничка во претставништвото на Хрватска во Обединетите нации, е уапсена под сомнение дека украла дури 750 илјади долари во претходните неколку години. Според изјавите на американските судски власти, кои ги цитираат медиумите во Хрватска, Супина-Салтус е осомничена дека ги искористила своите овластувања и пристап до банкарски сметки за да изврши нелегални […]

(Видео) Црвено небо над Крит, ветрови донесоа сахарска прашина


На медитеранскиот остров Крит, небото во средата доби морничава портокалова, речиси црвена боја, бидејќи ветрови со јачина до девет степени носеа прашина од Северна Африка, што ги попречи летовите. Red sky now not only in Australia: Powerful sandstorm hits the Greek island of Crete. pic.twitter.com/uthsHsLqJX — NEXTA (@nexta_tv) April 1, 2026 Грција беше зафатена од […]

Во Хрватска се зголемија сметките за струја, владата ги ограничи цените до крајот на септември


Поради новите правила за пресметка, промените во тарифите и пошироката примена на паметните броила, сметките за електрична енергија во Хрватска значително се зголемија во последните месеци. За да се ублажи влијанието врз домаќинствата, хрватската влада донесе регулатива со која се утврдуваат нови, ограничени цени на електричната енергија, пишува N1. Хрватското електростопанство (ХЕП) објаснува дека сè […]

Една жртва во невремето во Грција, предизвикани материјални штети


 Едно лице загина како последица на невремето што зафати повеќе региони во Грција, проследено со обилни врнежи, грмотевици и силен ветер. Противпожарните служби рано изутринава извлекле безживотно тело на маж од под автомобил во реонот на Неа Макри, во источниот дел на областа Атика. Во интервенцијата учествувале четворица пожарникари со две возила. Според медиумските информации, […]

Иран ја предупреди Бугарија


Министерството за надворешни работи на Бугарија потврди дека Иран минатиот месец ја предупредил членката на НАТО, Бугарија, да не им дозволува на САД да ги користат нејзините аеродроми за авиони што учествуваат во воени операции во Иран. Информацијата беше објавена откако Станислав Балабанов, пратеник од партијата „Постои таков народ“, објави нота од 18 март. Во […]

Српски министер: Не запишувајте ги вашите деца на “блокадерски“ факултети. Ќе ви ги вратат во ковчег (видео)


Српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, им порача на граѓаните да не ги запишуваат своите деца на она што тој го нарекува „блокадерски“ факултети. Гостувајќи во емисија на Пинк ТВ, Глишиќ рече: „Не ги запишувајте вашите деца на „блокадерски“ факултети затоа што ќе ви ги вратат како што ја вратија оваа девојка од Шабац, […]

Тајани ја откажа посетата на Србија додека протоколот го чекал на аеродром


Посетата на италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани на Србија беше откажана во последен момент утрово, непосредно пред полетувањето на неговиот авион од Рим. Дипломатски извори велат дека ова е многу невообичаена ситуација за однапред договорени посети, особено затоа што српскиот протокол веќе го чекал Тајани на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Точната причина […]

Европското обвинителство бара одземање на имунитетот на 11 грчки пратеници за скандалот со земјоделските субвенции


Атина – Укинување на имунитетот на 11 актуелни пратеници во рамките на истрагата за можна организирана измама поврзана со земјоделски субвенции, побарала европската обвинителка од грчкиот Парламент, а под истрага се и пет поранешни пратеници, соопштија од Европското јавно обвинителство (ЕППО), јави дописничката на МИА од Атина. Барањето за одземање на имунитетот на пратениците се […]

Потона брод со мигранти што бегаше од турската крајбрежна стража, најмалку 18 мртви


Најмалку 18 лица загинаа кога гумен чамец што превезувал мигранти потона во близина на западната турска покраина Мугла во неделата, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека напорите за пребарување и спасување продолжуваат во областа. Крајбрежната стража соопшти дека бродот, кој имал вонбродски мотор, бил забележан во 6 часот наутро по локално време покрај брегот на округот […]

Хрватската Влада пушти гориво од државните резерви


Со оглед на кризата на Блискиот Исток, која предизвикува понатамошен раст на цените на нафтата, на седницата беше одлучено и да се пуштат на пазарот задолжителни залихи на нафта и нафтени производи, откри денеска премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ. Беше предложено Хрватска да пушти на пазарот 35.000 тони дизел гориво, што е околу 4,7 проценти […]

Ректорот на универзитетот во Белград за полицискиот упад: Не дојдоа да истражуваат, дојдоа да не заплашат!


„Шеснаесет луѓе загинаа во Нови Сад. Никој не одговараше. Никој не беше сменет. Ниеден рисивер не беше запленет. Ниедна канцеларија не беше претресена“, рече ректорот на Белградскиот универзитет Владан Ѓокиќ, обраќајќи им се на граѓаните и студентите, по повод влегувањето на полицијата во Ректоратот. Еве го говорот во целост: „Денес напладне, припадници на криминалистичката полиција […]

Десетици луѓе се спасуваат од надојдената Сава


Во Вуковарско-сремската жупанија во Хрватска, утрово се одвива спасуваќка акција, за каде полиција  извести дека повеќе луѓе се наоѓаат во реката Сава помеѓу Штитаре и Бабина Греда, а полициски патроли, полициски чамец и беспилотни летала се итно испратени на местото на настанот за да пронајдат и спасат луѓе. Веднаш беа вклучени и Цивилната заштита, Хрватската […]

Вучиќ најавува избори до крајот на годината или до Видовден


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа изјави дека изборите во Србија, без да прецизира дали тоа се однесува и на парламентарни и на претседателски избори, ќе се одржат до крајот на годината, а можеби и до Видовден, 28 јуни. – Ги бараа, ќе видиме кога ќе бидат изборите – изјави Вучиќ за телевизијата Информер. […]

Протести во центарот на Белград по влегувањето на полицијата во Ректоратот на Универзитетот


Белград –   Српската полиција употреби палки синоќа на протестот во центарот на Белград, организиран по повод вчерашното влегување на полицијата во Ректоратот на Универзитетот. По повлекувањето на полицијата кон Плоштадот на Републиката, припадниците на жандармеријата и полициската бригада во опрема за борба против немири се повлекоа по Француската улица, додека граѓаните се вратија пред […]

Туристите масовно откажуваат резервации на Кипар за Велигден, хотелите остануваат празни


Туристичкиот сектор на Кипар се соочува со остар пад на побарувачката по избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, при што резервациите на хотели паднаа за околу 40 проценти, додека многу туристи почнаа да ги откажуваат планираните патувања. Според Дејли Меил, инаку популарните дестинации како Лимасол и Протарас, кои редовно се преполни за време на велигденските […]

Бугарската редакција на Радио Слободна Европа се затвора. Новинарите се селат во „Слободна точка“


  Од денес, бугарската редакција на Радио Слободна Европа се затвора. Целиот медиумскиот тим се сели во „Слободна точка“. Ова стана јасно од објава на претходната Фејсбук страница на „Слободна Европа“, која веќе доби насловна страница со името на новиот медиум. „Ние сме истите новинари и ги следиме истите стандарди во име на истите вредности“, […]

Полицијата влезе во Ректоратот на Белградскиот универзитет, академската заедница ја осудува акцијата


Српската полиција влезе во Ректоратот на Белградскиот универзитет во вторник, каде што, по наредба на Вишото јавно обвинителство, ја продолжува истрагата за неодамнешната смрт на студентка на Филозофскиот факултет, што академската заедница ја смета за продолжение на репресијата на владата врз универзитетот по минатогодишните студентски блокади и масовните протести. 25-годишна студентка беше пронајдена мртва на […]

Бугарија и Украина потпишаа 10-годишен договор за безбедност


  Бугарија и Украина потпишаа 10-годишен договор за безбедност, кој вклучува и заедничко производство на дронови. Ова беше направено за време на посетата на службениот  премиер Андреј Ѓуров на Киев, каде што се сретна со претседателот Володимир Зеленски и премиерката Јулија Свириденко. „Договор се преговараше долго време и тој дава повеќе можности отколку обврски“, изјави […]