Албанскиот претседател Бегај пристигна во Џеда на аџилак
Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, пристигна во Џеда, Саудиска Арабија за реализација на петтиот столб од исламот – аџилакот.
Претседателот Бегај беше пречекан на меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ од принцот Сауд бин Абдула бин Џалави, гувернер на Џеда, како и други саудиски функционери. Тој е еден од над 1,5 милиони аџии од целиот свет кои веќе се пристигнати во Саудиска Арабија за ритуалите на хаџот.
Тој по завршување на сите ритуали во Мека и Медина добива титула Хаџи Бајрам Бегај.
Педесет и девет годишниот Бегај, пред изборот за шеф на државата беше Началник на Генералштабот на албанската армија, тој е висок воен старешина, а целиот работен век го минал во армијата.
Аџилакот служи за да ги потсети муслиманите дека сите се еднакви во очите на Бог – Алах. Ова е петтиот столб на Исламот и го рекреира патувањето на пророкот Мухамед во 632 година. Има за цел да ги зближи муслиманите од сите националности, чистејќи ги од гревовите и приближувајќи ги до Бог.