Во Грција 100 починати од Ковид-19 и 1.882 новозаразени


Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран голем број смртни случаи од Ковид-19, починаа 100 лица, а заразени се 1.882 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 622 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, девет повеќе од вчера. …

Во Грција 100 починати од Ковид-19 и 1.882 новозаразени Read More »

Акропол достапен и за лица со инвалидитет


Грција – Пристапот до Акропол, од денеска е достапен и за лицата со инвалидитет, преку новиот лифт, кој свечено беше пуштен во употреба во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министерката за култура на Грција Лина Мендони и претседателот на Фондацијата „Онасис“ Андонис Пападимитриу, јави дописничката на МИА од Атина. -Денеска, 3 декември на Светскиот ден …

Акропол достапен и за лица со инвалидитет Read More »

Во Србија повеќе од 7.000 новозаразени, починаа 61 пациент


Во Србија денеска се регистрирани повеќе од 7.000 заразени со корона вирус. Поточно, според последните податоци од 22.243 тестирани 7.802 биле позитивни на корона вирус.  Во последното деноноќие од последиците на Ковид-19 починаа 61 пациент.  

Јурова: Одблиску ја следиме ситуацијата со словенечката новинска агенција СТА


Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, порача дека е запознаена со заканите на словенечките власти да се престане со финансирање на националната новинска агенција СТА и дека во моментов се одвиваат редовни контакти со словенечките власти, таа воедно потсети дека Словенија сѐ полошо е рангирана во однос на слободата на медиумите, јави дописничката на МИА …

Јурова: Одблиску ја следиме ситуацијата со словенечката новинска агенција СТА Read More »

Во Хрватска нови 4.534 заразени со Ковид-19, починаа 48 пациенти


  Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 4.534 нови случаи со Ковид-19, а бројот на активни случаи денеска изнесува 23.942. Меѓу нив 2.501 пациент се лекуваат во болница, а од нив на респиратор се 258 пациенти. Починаа 48 оациенти, или вкупно досега 1.964. До денеска тестирани се 780.257 лица, а од нив 11.166 …

Во Хрватска нови 4.534 заразени со Ковид-19, починаа 48 пациенти Read More »

Евростат: Албанија последна во Европа по средствата издвоени за здравствениот сектор


Статистичката служба на ЕУ (Евростат) во последната анализа наведува дека Албанија е на последното место во Европа според трошоците издвоени за здравствениот сектор, дури и со многу голема разлика од претпоследната земја. -Во 2018 година, Албанија одвоила 2,9 отсто од бруто домашниот производ(БДП) за здравството, што подразбира дека земјата троши четвртина од европскиот просек во …

Евростат: Албанија последна во Европа по средствата издвоени за здравствениот сектор Read More »

Мицотакис: Со правилни мерки, ќе успееме да се справиме и со вториот бран од пандемијата


Вториот бран се покажа како поголем предизвик за нашата земја, но, јас сум оптимист дека со правилни мерки ќе можеме да се справиме и со вториот бран, истакна премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Грчкиот економски Самит организиран од грчко –американската трговска комора, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис …

Мицотакис: Со правилни мерки, ќе успееме да се справиме и со вториот бран од пандемијата Read More »

Дендиас и Захариева разговарале за ЕУ перспективата на Западен Балкан


 Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, била една од темите за кои разговарале шефовите на грчката и бугарската дипломатија, Никос Дендиас и Екатерина Захариева, во нивниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина. Во пресрет на Самитот на ЕУ следната седмица, министерот за надворешни работи на Грција изминативе денови е во континуирани контакти …

Дендиас и Захариева разговарале за ЕУ перспективата на Западен Балкан Read More »

Нови рестриктивни мерки во Србија, угостителите повторно на удар


Српската Влада денеска треба да усвои нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, предложени од Кризниот штаб, а една од нив ќе биде угостителските објекти и оние кои имаа услужни дејности, ќе можат да работат само до 17 часот во работни денови, а за време на викенд ќе бидат затворени. Новите рестриктивни мерки ќе …

Нови рестриктивни мерки во Србија, угостителите повторно на удар Read More »

Силен земјотрес во Турција


Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово ја потресе Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ). Потресот се случил во 7 часот и 45 минути. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри, 22 километри западно од градот Сирт и седум километри северно од Курталан, југоисточна Турција.

Во Хрватска зимата стигна во полн сјај, но снегот предизвика неволји во сообраќајот


  Главниот град на Хрватска, Загреб побеле од снег доцна попладнево, а метеоролозите очекуваат снегот да паѓа до раните утрински часови. Првите снежни врнежи веќе предизвикаа хаос во сообраќајот, додека бурниот ветер предизвикува проблеми на крајбрежјето. Хрватските патишта (ХАЦ) ги повикаа возачите да го прилагодат возењето според временските услови, особено затоа што многу патишта сè …

Во Хрватска зимата стигна во полн сјај, но снегот предизвика неволји во сообраќајот Read More »

Пахор е за кофинансирање и зачувување на словенечката агенција СТА


Словенечката новинска агенција (СТА) извршува важна задача и нејзиниот опстанок не смее да биде доведен во прашање, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор, откако словенечката Влада денеска соопшти дека веќе одбива да ја финансира. Хрватскиот портал Индекс јавува дека за проблемот Пахор вчера и денеска одделно разговараше со директорот на СТА, Бојан Веселиновиќ, и со директорот …

Пахор е за кофинансирање и зачувување на словенечката агенција СТА Read More »

Барањата на Бугарија ги блокираа заклучоците на ЕУ за цел Западен Балкан


Освен блокадата за преговорите помеѓу ЕУ и Северна Македонија, Бугарија бара уште еден пасус поврзан за историјата кој земјите членки на ЕУ не можат да го прифатат. Поради ова виси во воздух усвојувањето на заклучоците за сите земји од западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел. Според дипломатите со кои разговараше МИА во Брисел, …

Барањата на Бугарија ги блокираа заклучоците на ЕУ за цел Западен Балкан Read More »

Американскиот Сенат почна истрага за Делјан Пеевски – „главниот олигарх“ на Борисов


Во Бугарија се смета дека Бојко Борисов, Делјан Пеевски и главниот обвинител Иван Гешев ја водат државата како триумвират   Комитетот за внатрешна безбедност на американскиот Сенат го истражува пратеникот од бугарската партија ДПС, Делјан Пеевски дека се обидел да ги прикрие нелегалните плаќања преку посредници за да ангажира американски лобисти за подобрување на неговата …

Американскиот Сенат почна истрага за Делјан Пеевски – „главниот олигарх“ на Борисов Read More »

Во Словенија 57 починати, 2.429 нови позитивни


Според податоците што ги објави владата на Словенија за понеделникот, 1 декември, во државата починале уште 57 лица, со што вкупната бројка на жртви од корона вирусот се искачи на 1.547. Тестирани биле 7.178, а од нив позитивни се 2.429, или 33,8 отсто. Хоспитализирани се 1.285 лица, а на интензивна нега се 199 пациенти.

Во Грција 89 починати и 2.186 нови случаи на Ковид-19


Грција– Во Грција се регистрирани 2.186 нови случаи на Ковид-19, починаа 89 лица , а 613 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи, речиси половина, повторно се во Солун (453), во областа Атика (375) и во Лариса (129). Министерот за здравство на Грција …

Во Грција 89 починати и 2.186 нови случаи на Ковид-19 Read More »

Борел: ЕУ не е цела без Западен Балкан, изнајдете заеднички основи


Белгија– Шефот на дипломатијата на Европска Унија, Жозеп Борел денеска изјави дека ЕУ нема да биде цела без Западен Балкан,но ги предупреди земјите од регионот дека ќе можат да напредуваат кон членство само ако се обединети во изнаоѓање на заеднички основи. Борел во видео-порака по повод дебата во Надворешнополитичкиот одбор на Европски парламент за ситуацијата …

Борел: ЕУ не е цела без Западен Балкан, изнајдете заеднички основи Read More »

Во Албанија починати 17 лица од Ковид-19 и 705 новозаразени за 24 часа


Албанија – Продолжува високата бројка на новозаразени и почнати во Албанија и во последното деноноќие. -Од вкупно направените 2.186 тестови, опасниот врус е потврден кај 705 лица, што е 32,2 отсто од тестраните, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата се зголеми на 39.719 од вкупно направените 194.806 тестови.Во исто време битката со …

Во Албанија починати 17 лица од Ковид-19 и 705 новозаразени за 24 часа Read More »

Во Косово нови 14 починати, 555 заболени и 324 излекувани од Ковид-19


Косово – Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.040 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 14 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.340 тестови со методот РТ-ПЦР (146.703 вкупно досега), позитивни …

Во Косово нови 14 починати, 555 заболени и 324 излекувани од Ковид-19 Read More »

Од корона вирус во Босна и Херцеговина заразени уште 1.293, починаа 46


  Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани се 3.518 примероци, а заразени се 1.293 лица. Од Ковид-19 починаа 46 лица. Во Федерацијата тестирани се 2.338 примероци, од кои 896 биле позитивни на корона вирус. Досега тестирани се вкупно 281.787 примероци, а корона вирусот е потврден кај 57.804 лица. До денеска оздравеа 38.535 …

Од корона вирус во Босна и Херцеговина заразени уште 1.293, починаа 46 Read More »