Во Хрватска уште 53 жртви на Ковид-19, 3.241 нов случај


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 3.241 нов случај на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнсува 21.844, објави Кризниот штаб. Меѓу нив 1.893 пациенти се на болничко лекување, а од нив 266 пациенти се на респиратор. Починаа 53 лица. Од почетокот на пандемијата во Хрватска забележани се 689.831 заразени, […]

Турција сака да стане Кина, граѓаните ја плаќаат цената со енормна инфлација


ИСТАНБУЛ – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган води „војна за економско ослободување“,  а досега губитници се граѓаните на неговата земја кои забележаа нагло зголемување на трошоците за живот. Вредноста на турската лира падна за речиси 40 отсто во однос на доларот во 2021 година. Есента, креаторите на монетарната политика на турската централна банка — под притисок […]

Турција замрзна имот на 770 лица и на американска фондација


Турција го замрзна имотот на вкупно 770 лица и американска фондација под обвинение за тероризам, според одлуката објавена во Службениот весник.Имотот на Фондацијата „Нијагара“ со седиште во Чикаго е замрзнат поради врските со американско-турскиот имам Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвинува за обид за државен удар во 2016 година. Имотот на повеќе од 400 луѓе […]

Во Грција од денеска маските задолжителни и на отворено, за непочитување казни до 300 евра


Маската од денеска одново се воведува и за надворешните простори во Грција, па така, задолжителна е и на затворено и на отворено, а за прекршување на мерката предвидена е казна од 300 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од шест часот утрово, во Грција стапија во сила новите мерки што вчера го соопшти министерот […]

Нова несреќа со чамец со мигранти во Егејското море со четворица загинати


Грција– Најмалку четири лица загинаа и околу 90 чекаат да бидат спасени откако потона чамец со мигранти во Егејското море, северно од грчкиот остров Антикитира, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми несреќата се случила вчера, а мигрантите преку европскиот број за итни случаи 112 побарале помош и рекле дека во едрилицата со […]

Во Црна Гора по 300 евра за 2.720 граѓани поради објавување список за самоизолација


Црна Гора –   Црногорската влада синоќа се согласи да склучи спогодба со граѓаните кои беа во самоизолација, чии имиња беа објавени во јавноста и да им исплати по 300 евра. За таа цел државата ќе треба да одвои 816.000 евра. Според владиното соопштение објавено доцна синоќа, задолжен е заштитник на имотно-правните интереси на Црна Гора […]

Во Грција 33 потврдени и 98 сомнителни случаи на Омикрон


Грција– Во Грција потврдени се 33 случаи на варијантата Омикрон, од кои 18 се на островот Крит, додека пак постојат 98 сомнителни случаи, кои се испитуваат, но 98-99 отсто е сигурно дека и тие се Омикрон, соопшти претседателот на Националната организација за јавно здравје Теоклис Заутис, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека заразените […]

Мило Ѓукановиќ позитивен на Ковид-19


  Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ е позитивен на крооан вирус, откако имал контакт со ковид-позитивно лице. „Претседателот има благи симптоми и добро се чувствува“, соопштено е од неговиот кабинет. „Во согласност со епидемиолошките мерки престојува во самоизолација, од каде ќе ги извршува своите редовни претседателски должности“, се наведува во соопштението од кабинетот. Нешто […]

Евакуирана автобуската станица во Приштина поради сомневање за поставена бомба


Косово– Директорот на меѓуградската автобуска станица во косовскиот главен град, Арианит Грезда информира дека станицата попладнево била  целосно евакуирана, поради сомневања за поставена експлозивна направа, објави „Газета експрес“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Грезда за порталот изјави дека од станицата се евакуирани сите патници, како и тамошните вработени. – Сите сме излезени. […]

Недимовиќ: Камионите повеќе не чекаат на границите поради добрите договори на „Отворен Балкан“


Главната придобивка за земјоделството од потпишаните договори во рамки на иницијативата „Отворени Балкан“ е што се усогласени лабораториските процедури меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија и што повеќе нема чекање на границите поради фитосанитарна и ветеринарна контрола, изјави министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерот Недимовиќ во интервју […]

Први случаи на омикрон во Албанија


Првите два случаи на новиот сој омикрон се потврдени во Албанија, изјави денеска Еугенa Томини, директорка на Институтот за јавно здравје. Таа прецизира дека овие случаи се потврдени со лабораториска дијагностика, пренесуваат албанските портали. Според неа, делта-сојот сè уште е доминантен вид на корона вирусот во Албанија.

САД бараат од Бугарија да престане продажбата на пасоши за да се укинат визите


  Нема укинување на визите за бугарските државјани сѐ додека не престане праксата во Бугарија за издавање на таканаречените „златни пасоши“ или издавање пасоши преку корупција или измама. Освен за бугарите тоа се однесува и за граѓаните на Романија и Кипар. Ова се наведува во извештајот на Европската комисија за напредокот на преговорите со Вашингтон […]

Во Србија потврден прв случај на омикрон


Првиот случај на омикрон сојот на корона вирусот е потврден денеска во Србија, изјави за „Блиц“ д-р Тања Јовановиќ, а е откриен кај патник кој допатувал од Боцвана. „Примерокот е земен од пациентка која дошла од Боцвана. Во земјава влезе како ПЦР негативна, беше во изолација и беше позитивна на контролниот ПЦР тест, па тоа […]

Турција почна со масовно производство на домашно развиената вакцина против Ковид-19


Турција– Турција почна со масовно производство на домашно развиената вакцина против Ковид-19 – Турковак – откако доби дозвола за итна употреба од здравствените власти. Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа,   изјави дека домашно развиената турска вакцина против коронавирусот, „Турковак“, е одобрена за итна употреба, јави Анадолија. Министерот присуствуваше на пуштањето во сериско производство на инактивната […]

Во Хрватска секојдневно повеќе од 50 починати поради Ковид-19


Во последното деноноќие во Хрватска регистрирани се 3.831 нов случај со корона вирус, а бројот активни изнесува 22.416, објави Кризниот штаб. Меѓу нив, 1.981 пациент се лекува во болница, а 266 се на респиратор. Починаа уште 53 пациенти заболени со корона вирус. Од почетокот на пандемијата досега во хрватска забележани се 686.590 заразени, од кои […]

Од утре нови мерки во Грција: Силна препорака посетителите да се тестираат два пати по пристигнувањето


Грција– Силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето; задолжителна маска и на отворено и на затворено; задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз; откажување на сите јавни собири за празниците; силна препорака за тестирање пред празничните собири, се новите мерки на грчката Влада што од утре […]

Бугарија: Пензионерите ќе добијат по 40 евра ако се вакцинираат


  И Бугарија прибегна кон мерката за финансиски стимули за вакцинирање откако бројките на имунизираните никако да се зголемат. Премиерот Кирил Петков денеска изјави дека владата ќе додели додаток од 75 лева (околу 40 евра) на пензиите на сите вакцинирани лица над 65 години. Износот ќе се дава без оглед која доза е примена, но […]

Ѓукановиќ тврди дека Владата „нема да го преживее јануари 2022 година“.


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ тврди дека Владата „нема да го преживее јануари 2022 година“. Тој во интервју за Антена М изјави дека анкетите на јавното мислење покажуваат дека поддршката за Владата е „на историски минимум “. „Последниот податок што го прочитав е дека се работи за 35 отсто од јавната поддршка. Кога ќе се вкрстат […]

Бугарија: Теодора Генчовска го наполнила кабинетот со агенти на тајната служба


  Новата владина коалиција во Бугарија е под силен стрес не само поради изјавата на министерот за одбрана околу отфрлањето на идејата за војски на НАТО во државата, туку и поради екипата што министерката за надворешни работи ја прими да службува со неа. Теодора Генчовска избра повеќе поранешни агенти на тајната служба да бидат дел […]

Вархеи и Додик се договориле за трансферот на безбедносните надлежности


  Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи и лидерот на босанските Срби, Милорад Додик „се договориле“ за датумот на специјалната седница на Народното собрание на Република Српска, како и за динамиката на „стапување во сила“ на заклучоците. поврзани со трансферот на надлежностите во областа на безбедноста и одбраната, индиректните даноци и правдата. Босанскиот медиум […]