Во Хрватска секојдневно повеќе од 50 починати поради Ковид-19


Во последното деноноќие во Хрватска регистрирани се 3.831 нов случај со корона вирус, а бројот активни изнесува 22.416, објави Кризниот штаб.

Меѓу нив, 1.981 пациент се лекува во болница, а 266 се на респиратор.

Починаа уште 53 пациенти заболени со корона вирус.

Од почетокот на пандемијата досега во хрватска забележани се 686.590 заразени, од кои починаа 12.179, а оздравеа 651.995 лица.

До денеска тестирани се 3.680.897 примероци, од кои 11.232 во последните 24 часа.

До вчера, потроѓени се 4.623.523 дози, а вакцинирани се 55,42 отсто од вкупното население, односно 66,05 отсто од возрасните.