Во Србија потврден прв случај на омикрон
Првиот случај на омикрон сојот на корона вирусот е потврден денеска во Србија, изјави за „Блиц“ д-р Тања Јовановиќ, а е откриен кај патник кој допатувал од Боцвана.
„Примерокот е земен од пациентка која дошла од Боцвана. Во земјава влезе како ПЦР негативна, беше во изолација и беше позитивна на контролниот ПЦР тест, па тоа го докажавме од нејзиниот примерок“, изјави Јовановиќ, вирусолог и член на Кризниот штаб.