Во Србија речиси 7.000 новозаразени, починаa уште 53 пациенти


Ситуацијата во соседството никако да се смири, па така, во последните 24 часа во Србија регистрирани се  6.930 новозаболени, а како последица на овој вирус починале 53 пациенти. Тестирани биле 23.660 лица. На респиратор се приклучени 269 пациенти. Во болница се лекуваат 6.591 пациенти Досега во Србија се регистрирани вкупно 1.017.798 заболени од Ковид-19, а […]

Мицотакис прими трета доза од вакцината


Грција– Речиси девет месеци по ревакцинацијата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, денеска прими трета доза од вакцината против Ковид-19 и ги повика граѓаните да го сторат истото, особено оние кои воопшто не се вакцинирани, истакнувајќи дека сега веќе фактите „не дозволуваат никаков сомнеж за ефикасноста и безбедноста на вакцината“, јави дописничката на МИА од Атина. -Девет […]

Анкета: Радев тешко до победа уште во првиот круг


ГЕРБ се врати убедливо на врвот за парламентарните избори, а Има таков народ пропадна дури на петтото место, покажа анкетата на „Алфа рисрч“   Претседателските избори на 14 ноември во Бугарија се закомплицираа за сегашниот шеф на државата Румен Радев, откако во трката се вклучија и двајца други силни кандидати – Анастас Герџиков и Лозан […]

Европскиот медитерански сеизмолошки центар предупредува за цунами по земјотресот на Крит


По земјотресот од 6,3 степени јужно од грчкиот остров Крит, Европскиот медитерански сеизмолошки центар издаде предупредување за цунами, а грчкиот професор и сеизмолог Герасимос Пападопулос, на неговиот фејсбук-профил напиша дека во тек е мало цунами и повика граѓаните да се оддалечат од крајбрежјето, јави дописничката на МИА од Атина. Според првичните информации од Крит, силниот […]

Земјотрес од 6,2 степени на Крит


  Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала почувствуван е денеска во Грција, во близина на островот Крит. Според тамошните медиуми, епицентарот бил во близина на крит. Земјотресот е регистриран денеска во 11.24 часот (12.24 по локално време),  на 30 километри југоисточно од Закинтос, на длабочина од 10 километри. Според сведоштвата на оние […]

Во Хрватска покрената истрага против полицајци кои тепаа мигранти


Хрватското државно обвинителство нареди истрага против  полицајци, поради сомневање за сторено кривично дело нечовечко и сурово постапување, а на тројцата сторители им се заканува затворска казна до 10 години, пишува денеска загрепски „Јутарњи лист“. – Окружното државно обвинителство во Карловац побара истрага откако снимките беа објавени во емисијата „Потрага“ на хрватската РТЛ, рече окружниот државен […]

Работник во Загреб со секира уништил „ауди“, мислел дека е на шефот


Против работник на возраст од 44 години подигнато е обвинение, затоа што во Загреб со секирадемолирал автомобил „ауди А8“, а за кое мислел дека е во сопственост на неговиот шеф, јави Danica.hr. Според обвинението, тој со секира со острица долга 20 см удирал по автомобилот, ги скршил стаклата, поанорамксиот покрив и го пробил лимот, од […]

Вакцинирани 71,3 отсто од полнолетните Грци, на северот од земјата со мобилни единици ќе се зголемува процентот на вакцинација


Поради малата имунизациска покриеност во северна Грција и за да се зголеми процентот на вакцинација, мобилни единици на Националната организација за јавно здравје, од денеска започнуваат имунизација во оддалечените места на северот од земјата и до четврток ќе бидат опфатени 48 села, јави дописничката на МИА од Атина. Во северна Грција ќе биде и генералниот […]

Косово: Се бара училиштата да не работат в понеделник, ден по локалните избори


Поранешниот заменик-министер за образование на Косово, Јусуф Тачи смета дека идниот понеделник, 18 октомври, односно дента по одржувањето на локалните избори, не треба да се одржи настава во училиштата, со цел училишните простории да се дезинфицираат, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи на својата страница на Фејсбук напиша дека на тој начин би се намалиле […]

Новоградба во Загреб и до 8.000 евра квадрат, во Љубљана – 3.000


Загреб и Љубљана, хрватскиот и словенечкиот главен град имаат насушна потреба од нови станови, а големата побарувачка ја крена цената за квадрат станбен простор многу високо. Така за квадрат новоизграден стан, загрепчани треба да издвојат и до 8.000 евра, а жителите на Љубљана и до 3.000 евра. Загреб е едно од најпосетените туристички одредници во […]

Нова регионална мрежа за дигитално јавно здравство СЗО Европа – Западен Балкан


Јакнење на регионалната соработка во насока на дигитална трансформација на здравствените системи на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово има за цел новата суб-регионална мрежа за дигитално јавно здравство СЗО Европа – Западен Балкан, што беше најавена денеска во рамки на Дигиталниот самит на Западен Балкан во Подгорица. Лансирањето на […]

Вучиќ посла црвен тепих за приближување кон Москва


Русија го користи, а се чини дека го злоупотребува, собир на Движењето на неврзаните, бидејќи никогаш не беше членка на Движењето. За Лавров е испружен црвениот тепих за да дојде во моментов и да профитира од неуспехот на самитот ЕУ -Западен Балкан во Словенија и да му каже на Белград да не се грижи затоа […]

Уште 51 починати и 5.700 новозаболени во Србија


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 5.700 нови случаи на корона вирусот и 51 смрт. Вкупно 1.010.868 луѓе се заразени со вирусот во Србија досега, а регистрирани се 8.788 смртни случаи. Во моментов има 6.597 пациенти во болница, од кои 260 се на респиратор. Во последните 24 часа беа тестирани 19.360 луѓе, што […]

Словенија ќе вакцинира само со „фајзер“ и со „модерна“


Во иднина, имунизацијата на населението против Ковид-19 во Словенија ќе се извршува со mRNA вакцини (Фајзер/Бионтех и со Модерна), а со векторска (Астра Зенека и Џонсон и Џонсон) само во исклучителни случаи, односно по лично барање, потврди  министерот за здравство на таа држава Јанез Поклукар. Ова го препорачаа група медицински експерти откако девојка неодамна почина […]

Отворен четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан во Подгорица


Четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан, посветен на соработката во областа на дигиталната трансформација во регионот и дигиталната перспектива во контекст на европската интеграција, беше отворен денеска во Подгорица. Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, на почетокот на состанокот рече дека дигиталната агенда на Западен Балкан е доста амбициозна и интегрален дел […]

Србија ги собра неврзаните да се одбележат 60 години од самитот на Тито


БЕЛГРАД – Белград е домаќин на дводневниот самит по повод 60-годишнината од основањето на Движењето на неврзаните (ДНЗ), на кој учествуваат повеќе од 105 земји, девет делегации од меѓународни организации и 40 министри за надворешни работи. Со усвојување на дневниот ред Самитот, говорот на претседателот Александар Вучиќ и преку видео пораката на претседателот на Азербејџан, кој […]

Србија ќе добие модерно вооружување од Русија


Српската војска и полиција ќе добијат најнова опрема и оружје од Русија, изјави српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин. – Армијата и полицијата ќе купат најсовремена технологија, меѓу другото произведена од Русија, изјави српскиот министер за РИА Новости, пренесува БГНЕС. Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека властите во земјата очекуваат ракетите Корнет да […]

По пожарите на Евија, стигна поплава


Грчкиот остров Евија погоден е од поплави и тоа само неколку месеци по разорните шумски пожари кои уништија третина од неговите површини под шума. Островот е втор по големина во Грција, а погоден е од полави, но за среќа, нема жртви по обилните дождов кои го погодија северниот дел на островот. Сепак, десетици жители мораше […]

Вулин: Србија нема да влезе во НАТО и нема да поддржи санкции против Русија


 Србија, под сегашното раководство, строго ќе се придржува до воената неутралност, нема да влезе во НАТО и нема да поддржи санкции против Русија, изјави српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин. – Се додека Србија е управувана од претседателот Александар Вучиќ и додека јас сум во безбедносните структури, Србија нема да стане членка на НАТО […]

Заврши пописот во Бугарија


Пописот во Бугарија заврши. Податоците од последниот ден сè уште не се сумирани. До 9 октомври, 82 отсто од населението во земјата, што е 5 милиони и 657.000 луѓе, се преброени во Бугарија. Директорот на Националниот статистички институт на Бугарија Сергеј Цветарски изјави дека очекува од сабота и недела да бидат преброени повеќе луѓе. Тој додаде […]