(Видео) Се урна таван од зграда во Белград, повредени четири лица


Четири лица се повредени во несреќата што се случи денеска по 11 часот на пазарот „Меркатор“, потврди Милош Мајсторовиќ, командант на белградската противпожарна и спасувачка бригада, јави „Блиц“.
„Четири лица се повредени при пад на дел од спуштениот таван. Тројца излегоа сами и ја сочекаа брзата помош, а еден ја чекаше нашата помош“ – рече Мајсторовиќ.
Како што појасни, нема опасност од дополнително уривање на објектот.
Белградските медиуми јавија дека паднал покрив на пазарот Стари Меркатор во Нов Белград, денеска по 11 часот, при што четири лица се здобиле со полесни повреди.
„Само тресна нешто наеднаш, потоа слушнавме дека таванот паднал. Работници го менуваат стаклото во горниот дел од маркетот, а долу не работеле. Наводно, тешко е повреден цвеќар“,  изјави еден од работниците на пазарот.