Дритан Абазовиќ сака малцинска влада во Црна Гора

Работата на сегашната влада на Здравко Кривокапиќ е во ќор-сокак затоа што го загуби мнозинството во парламентот


Дритан Абазовиќ

 

Црногорскиот вицепремиер и лидер на  граѓанското движење УРА Дритан Абазовиќ предложи малцинска влада без Демократската партија на социјалистите (ДПС), предводена од претседателот Мило Ѓукановиќ, и просрпскиот Демократски фронт (ДФ).

Актуелната влада се соочува со проблеми бидејќи го загуби парламентарното мнозинство бидејќи ДФ сака министри во владата, а премиерот Здравко Кривокапиќ и другите партнери се против.

Формирањето малцинска влада како излез од политичката криза започна во декември кога УРА потпиша меморандум за соработка со албанските и бошњачките партии.

„Тој модел ќе им биде понуден на 81 пратеник со желба консензусот да биде што поширок и би било добро барем 49 од нив да го поддржат“, рече Абазовиќ.

Во понеделникот, Социјалистичката народна партија (СНП) го објави концептот на малцинска влада како можно решение за надминување на ќор-сокакот. Социјалдемократите (СД) поддржуваат секоја добронамерна иницијатива, како и Социјалдемократската партија (СДП).

Демократска Црна Гора, предводена од спикерот Алекса Бечиќ, не ја поддржува иницијативата. ДФ е подготвена за дијалог со оние кои сакаат да се изгласа недоверба на владата, додека ДПС не реагира на ситуацијата.

Црногорските лидери треба да одлучат дали ќе има малцински влади, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Балканот, Габриел Ескобар, во интервју за Гласот на Америка.

„Вашингтон јасно стави до знаење што очекува, надевајќи се дека Црна Гора ќе остане западно ориентирана земја, цврста членка на НАТО и дека ќе продолжи да напредува на патот кон членство во ЕУ“, рече тој, истакнувајќи дека ДФ не ги споделува ги тие вредности. (Еурактив)