Во Србија фантастични 18.000 заразени во еден ден


 
 

Србија денеска забележа апсолутен негативен рекорд во нови инфекции од кора вирусот – дури 18.006 лица. Направени се 39.740 тестови, што значи дека позитивните примероци изнесувале огромни 45,3 отсто.

Во последните 24 часа има 26 смртни случаи, со што вкупната бројка на починати е 13.124.

Вкупно се хоспитализирани 2.559 лица, а на респиратори се 109 пациенти. Во Србија од почетокот на епидемијата официјално се регистрирани, 1,46 милиони заболени.