Во Бугарија 10 илјади нови случаи, 161 починати
Дури 9.996 новозаболени од ковид има во Бугарија во последниве 24 часа. Биле направени 44.772 тестови, што значи дека позитивните примероци изнесуваат 22,33 отсто. Од новозаразените 79 отсто се невакцинирани.
Починали 161 лица, од кои 92 отсто биле невакцинирани. Од почетокот на пандемијата во Бугарија има 32.247 смртни случаи. Во моментов има 160 илјади акитвни случаи, а хоспитализирани се 5.223 лица, од кои 541 на интензивна нега.