Брнабиќ задоволна од референдумот, но Вучиќ – не


 

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека референдумот за промена на уставот во областа на правдата е „најважната работа“ што ја направи актуелната влада и дека е задоволна од резултатите, наведувајќи дека бројот на граѓани кои гласале „за“ бил поголем за 400.000 од гласовите против, а соодносот е 60:40 за поддршка.

Брнабиќ за ТВ Прва изјави дека одѕивот на 30 отсто од регистрираните гласачи е „исклучително добар“ бидејќи темата на референдумот, за промена на начинот на избор на судиите, не е „приемчлива за граѓаните“, а меѓу оправдувањата за слабата излезност е епидемијата на корона вирусот, а и „луѓето се по одмори“.

Но „претседателот (на Србија, Александар Вучиќ) не е задоволен. Тој е задоволен што успеавме да протуркаме толку важна реформа, но не е задоволен од резултатите“, рече таа. Брнабиќ, која е повереник на на Српската напредна партија за Белград, рече дека по објавувањето на првите податоци за излезноста и првите резултати од референдумот, Вучиќ, кој е и претседател на СНС, „излезе од просториите на партијата со зборовите ‘Вие сте паметни, земете па сами водете ја партијата“.

Таа рече дека „ЕУ го пофали референдумот“ и дека промените во судството ќе „обезбедат како ќе се развива земјата во иднина и колку правдата ќе биде достапна за сите“, додека ефикасноста на судството, според неа, е важна. и за странски директни инвестиции.

Брнабиќ, исто така, рече дека „ниту една политичка опција што била на власт никогаш немала желба да се откаже од своето влијание врз судството“, како што тоа го направи актуелната влада.