Пицула: Расплетот од кризата во Црна Гора мора да биде последица на договор на внатрешно политичките актери


Известувачот на Европскиот парламент за Црна Гора, Тонино Пицула изјави дека расплетот од кризата во земјата мора да биде последица на договор на внатрешно политичките актери. Пицула рече дека без разлика дали тоа е малцинска влада која ќе има стабилна поддршка во спроведувањето на реформите кои ја зајакнуваат независноста на институциите или преодна влада која […]

По еден месец пауза се враќа музиката во угостителските објекти во Грција


Грција – Грција од денеска ги олабавува дел од мерките за угостителските објекти воведени пред Нова година и дозволена е музика во нив, се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и натаму ќе биде забрането стоење, јави дописничката на МИА од Атина. Олабавувањето на мерките, минатата седмица го соопшти министерот за здравство на Грција […]

Ескобар и Лајчак од денеска во официјална посета на Косово


Косово – Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Гебриел Ескобар и посредникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак се очекува да допатуваат денеска во Приштина, во обид да му дадат нов поттик на косовско-српскиот дијалог за решавање на споровите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Во […]

Градоначалниците на Тирана, Драч и Елбасан подготвени за поддршка на македонската заедница


Албанија– Градоначалниците на Тирана, Елбасан и Драч одговорија на барањето на Васил Стерјовски, упатено до нив како тогашен пратеник во албанскиот Парламент во кој искажуваат подготовност за поддршка на македонската заедница во нивните општини. – Како пратеник во албанското Собрание, после локалните избори што се одржаа на 30 јуни 2019 година, побарав од градоначалниците на […]

Грчкиот парламент го отфрли предлогот на СИРИЗА за недоверба на Владата


Предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата доби 142 гласа „за“ од пратениците, 156 „против“ и еден воздржан, со што парламентот го отфрли предлогот, а Владата на Мицотакис го „преживеа“ гласањето, јави дописничката на МИА од Атина. Резултатот беше очекуван, со оглед на тоа дека актуелната Влада има парламентарно мнозинство од 157 пратеници од […]

Состојбата во Србија вонредна – повеќе од 15.000 новозаразени, починаа 54 пациенти


Според последните податоци, во соседна Србија за 24 часа регистрирани се 15.425 нови случаи корона вирус од 34.778 тестирани. Од последиците на болеста починаа 54 пациенти. Ситуацијата во моментот е вонредна, со тенденција да стане уште посериозна, предупредуваат епидемиолозите. Посебно загрижува тоа што вирусот забрзува, а процесот на имунизација успорува. Пред само еден месец позитивни […]

Дендиас: Грција извезува стабилност, просперитет, европски тек во целиот регион


 Нашето балканско присуство не го третиравме како географска осуда, туку како мисија за извоз на стабилност, просперитет, европски тек на целиот регион, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, изјави министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас за време на расправата во Парламентот за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од […]

Во Хрватска 6.220 новозаразени, починаа 46 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 6.220 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 62.841. Од нив, 2008 пациени се на болничко лекување, а 185 на респирато. Починаа 46 пациенти. Од почетокот на пандемијата во Хрватска досега се заразеиле 935.722 лица, а починаа вкупно 13.777 Вакцинирани се […]

Криминални групи во Албанија, на Тик-ток продаваат потврди за вакцинација


  Криминални групи во Албанија ја користат пандемијата од Ковид-19 за парична добивка. Почнувајќи од фалсификувани ковид-тестови или наоѓање начини да се корумпираат одредени лекари, за да добијат сертификати за вакцинација. Во рубриката „Ти пријави“ на Топ ченел, стигна пријава за страница на социјалната мрежа Тик-ток која рекламира потврди за вакцинација со плаќање. Луѓето кои […]

Гласање во грчкиот Парламент за недоверба на Владата


Грција – Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата, предлог што се чини дека нема да биде изгласан со оглед на тоа дека Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина. Тридневната расправа започна во петокот попладне, […]

Словенија усвои мерки за ублажување на скокот на цените на енергијата


Во саботата, словенечката влада усвои неколку мерки за ублажување на поскапувањето на енергијата, вклучително и еднократна помош од 150 евра за ранливите социјални групи. Ќе го добијат граѓаните кои инаку добиваат социјална помош, вкупно околу 67.000 лица, изјави премиерот Јанез Јанша по владината седница. Право на додаток имаат и пензионерите чија пензија не надминува илјада […]

Мета: Нивото на јавниот долг може да доведе до сериозна криза во земјата


Албанскиот претседател Илир Мета изрази загриженост во врска со висотото ниво на јавниот долг, кој според него може да ја доведе земјата во сериозна криза. Во изјава за медиумите, Мета вели дека нетранспарентноста од страна на министерството за финансии во однос на нивотото на јавниот долг за 2021 година ја доведува во прашање финансиската стабилност […]

Почина Ксенија Вучиќ, првата жена на Александар Вучиќ


    Вечерва во Белград ненадејно на 54-годишна возраст почина новинарката Ксенија Вучиќ, првата сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ.  Веста за нејзината смрт ја Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил. „Вечерва во Белград ненадејно во 54. година почина Ксенија Вучиќ, мајката на нашите две деца, Данило и Милица и моја прва сопруга“, напиша Вучиќ […]

Албанија: Јавниот долг лани достигнал од 80,1 отсто од БДП, најмногу до сега


Јавниот долг на Албанија на крајот на 2021 година достигнал рекордно ниво од 80,1 отсто од Бруто домашниот производ, што е највисоко во периодот на транзицијата. Растот на долгот меѓу другого споредено со претходната година, кога овој показател изнесувал 77,8 отсто, е последица и на издадената еврообврзница од 650 милиони евра, на крајот од минатата […]

„Ени“ и „Новатек“ не најдоа нафта во крајбрежјето на Црна Гора


Производството на јаглеводороди на наоѓалиштето што го проби конзорциумот на компаниите „Ени“ и „Новатек“ во црногорско крабрежје нема да биде можно, бидејќи тоа, според концесионерот, е суво, изјави државниот секретар за енергетика и рударство во Министерството за капитални инвестиции Марко Перуновиќ. Перуновиќ рече дека концесионерите стигнале до крајот на бунарот и собраните примероци ги испратиле […]

Турција: Главниот статистичар објави дека инфлацијата е 36 отсто, Ердоган го смени


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го смени шефот на националната статистичка агенција по објавувањето на годишните податоци за инфлацијата. Шефот на Националното биро за статистика, Саит Ердал Дингер, е мета на критики откако на почетокот на јануари ги објави податоците, според кои годишната стапка на инфлација изнесува 36,1 отсто, што е највисоко ниво во […]

Во Хрватска 15.000 заболени, починаа 41 лице


  Во последните 24 часа во Хрватска починале 41 лице, а регистрирани се вкупно 15.416 нови случаи на инфекција со корона вирусот. Националниот штаб за цивилна заштита извести дека бројот на активни случаи на вирусот САРС-КоВ-2 во Хрватска денеска изнесува вкупно 66.152, а меѓу нив 1.936 пациенти се во болница, од кои 183 се на […]

Кирил Петков зборуваше колку сака еден расказ на Чехов, а тој е на Толстој


  Бугарскиот премиер Кирил Петков направи комичен гаф за време на неговото гостување на Дарик радио. Водителот го запраша за односите на Бугарија и Македонија, притоа цитирајќи една фраза од рускиот писател Антон Павлович Чехов: „Можете да стигнете до убедување само преку лично искуство и страдање“. На ова Петков одговори: „Прво да кажам дека имам […]

Стотици илјади риби изумреле од студот во Грција


Стотици илјади одгледувани риби угинаа од термички шок во Грција, откако интензивната зимска бура затрупа неколку делови од земјата со снег оваа недела. Рибарите жалеа за големото уништување на потенцијалниот улов додека мртвите животни пливаа на површината на лагуната Ричо во Игуменица, на северозапад од земјата. Температурата на водата падна на нула степени Целзиусови  додека […]

Милановиќ: Владата на Пленковиќ е најкорумпираната хрватска влада


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ оцени дека Владата на премиерот Андреј Пленковиќ е најкорумпираната хрватска влада досега, објаснувајќи дека критиките се однесуваат „поради небрежност, незнаење и неспособност на нејзините членови“. – Пленковиќ штити, кондензира и става во сенка и заштита, категорично луѓе кои се едноставно корумпирани. Не можам тоа да го наречам поинаку, изјави Милановиќ во […]