Во Хрватска 10.000 новозаразени, 54 починаа


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 10.003 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се вкупно 60.264. Меѓу нив 2.067 пациенти на болничко лекување, а на респиратор има 190 пациенти. Починаа 54 лица. На брзите тестови позитивни се повеќе од 5.000 луѓе. До денеска тестирани се вкупно 4.267.694, а 19.734 […]

Бугарскиот претседател е во самоизолација


 Бугарскиот претседател Румен Радев е во самоизолација бидејќи неговата сорруга Десислава е со позитивен тест за корона вирусот, соопшти прес службата. Десислава Радева е во добра состојба, додека бугарскиот претседател има негативен тест за Ковид-19. Тој ги откажа средбите закажани за следните денови, се додава во соопштението. 

Над 70 отсто од учениците во регионот не сакаат онлајн настава


Најголем број од младите во земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ или над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие, а ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација. Ова го покажува онлајн истражувањето […]

Во Словенија отсега патарина се плаќа само со е-вињетки


Словенија– Во Словенија од вчера веќе не може да се купи вињетка и да се залепи на ветробранското стакло, како начин на плаќање патарина. Од 1 февруари во Словенија важат само е-вињетки, што значи дека за плаќање патарина сега треба да се посети интернет страницата dars.si и таму да се купи неделна, месечна или годишна виетка. Купувањето се […]

Бугарија ќе изгради магистрален пат кон Северна Македонија


За време на сослушувањето на министерот за регионален развој и јавни работи на Бугарија Гроздан Караџов во парламентарна комисија, беше соопштено дека Бугарија ќе изгради два магистрални патишта од Бургас до Мало Трново до турската граница, а вториот – од границата кај Ѓуешево, Ќустендил до Дупница. Вториот магистрален пат, како што се планира, е од […]

Андреј Пленковиќ го очекува третото дете


  Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и неговата сопруга Ана Маслаќ Пленковиќ го чекаат третото дете, а регионалните медиуми дознаваат дека двојката чека син, што потврдиле извори блиски до премиерот. Ана (42) е веќе во третото тромесечие од бременоста и добро се чувствува. Андреј и таа со голема радост ја чекаат приновата, а на братот се […]

Пак големи бројки на новозаболени во Србија – 19.214


Се чинеше дека Омикрон бранот на корона вирусот во Србија малку стивнува, но денешните податоци покажуваат дека заразата и натаму е многу голема. Според официјалните податоци, уште 58 лица починале во последните 24 часа како последица на корона вирусот во Србија, со што вкупниот број на жртви е 13.687, објавено е на веб-страницата на Министерството […]

За САД Бугарија е „доверлив сојузник“


  Американскиот заменик-државен секретар Венди Шерман во телефонски разговор му се заблагодари на бугарскиот премиер Кирил Петков што се однесува како доверлив сојузник на НАТО за време на кризата околу Украина. „Заменик-секретарот Шерман му се заблагодари на премиерот за улогата на Бугарија како доверлив сојузник на НАТО околу ескалациските акции на Русија кон Украина и […]

Кривокапиќ за утре закажа итна седница на црногорската Влада, можно е да поднесе оставка


 Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за утре закажа итна седница на владата, со се уште непознат дневен ред, пишува подгоричкиот весник „Побједа“. Повикувајќи се на информации од два владини извори, весникот пишува дека членовите на Владата за утрешната седница биле информирани телефонски. -Вообичаено е поканата за седницата да се испраќа по електронска пошта, како и дневниот […]

Одбележана 80-годишнината од Игманскиот марш


  Голем број учесници од неколку постјугословенски земји се собраа во саботата, 29 јануари, на Велико Поле на планината Игман кај Сараево за да ја одбележат 80-годишнината од Игманскиот марш, една од најважните тактички операции од раната фаза на Народно-ослободителната борба. Комеморацијата ја организираше Здружението на антифашисти и борци од НОБ на кантонот Сараево. По […]

Русија ја уценува Бугарија за гасот


Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, во интервју за ТВ Нова, коментирајќи ги претстојните разговори меѓу „Газпром“ и Бугарија за идните испораки и новиот договор меѓу двете земји, кажа дека не е исклучено конкретните услови да зависат од позицијата на Бугарија кон Русија. Митрофанова кажа дека Русија секогаш, дури и во најтешките времиња, била доверлив […]

Во Бугарија од Ковид-19 починаа 158 пациенти


Во последните 24 часа во соседна Бугарија од последиците на Ковид-19 починале 158 пациенти. Регистрирани се 10.151 случај со корона вирус од 42.246 тестирани. Во болница се лекуваат повеќе од 5.000 пациенти, а повеќе од 500 се на интензивна нега.  Досега, од почетокот на пандемијата од корона вирус се разболеле 951.965 луѓе, а починале вкупно […]

Почина творецот на „Домаќица“ и „Плазма“, првиот образован кексар во СФРЈ


Петар Тутавац, творецот на популарните бисквити „Домаќица“ и еден од авторите на рецептот за бисквити „Плазма“, почина во Србија на 88-годишна возраст. Тутавац е роден во 1934 година во Подградина недалеку од Опузен (денешна општина Сливно), напиша минатата година „Слободна Далмација“, која тогаш ја објави животната приказна и разговор со Тутавац. На тринаесетгодишна возраст го […]

Во Грција почна примената на првата орална терапија против Ковид-19


Грција– Лицата над 18 години во Грција, кои се позитивни на Ковид-19 со благи или средни симптоми, а не се хоспитализирани, но кои поради сериозни здравствени проблеми се во ризична категорија тешко да се разболат, ќе можат да ја примат првата орална терапија против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Министерствата за здравство и […]

Ескобар: Корупцијата е најголемиот проблем на Западен Балкан


САД– Корупцијата претставува најголем проблем на Западен Балкан, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, додавајќи дека САД ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки, вклучително и санкциите, за да ги казнат дестабилизирачките актери. „Корупцијата е канцер кој ја нагризува вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновативност и […]

Невакцинираните здравствени работници во Грција може да останат без работа по 31 март


Грција – Невакцинираните здравствени работници во Грција кои веќе неколку месеци се на принуден одмор, поради воведената задолжителна вакцинација, можно е по 31 март, кога и истекува конкретната одлука, да останат без работа, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој сепак, објасни дека сè уште не е донесена конечна одлука, јави дописничката на […]

Во Бугарија од април бесплатно во градинките


 Од април годинава во Бугарија престојот во градинките и јасли ќе биде бесплатен. Тоа денеска го најави премиерот на таа држава Кирил Петков по денешната владина седница. – Владата ќе инвестира 70 милиони лева за изградба на градинки, рече Петков. Тој најави и дека платите на наставниците ќе бидат125 отсто од просечната плата. – Нема […]

Казна од над 450 илјади евра за одговорната компанија, откако снегот зароби возачи низ Истанбул


Турското Министерство за транспорт и инфраструктура изрече казна од над 450 илјади евра за компанијата одговорна за автопатот Северна Мармара. Причината е тоа што одредени делови од автопатот беа затворени за сообраќај 18 часа поради обилни снежни врнежи на 24 јануари. Компанијата им ја врати на возачите наплатената патарина, дознава агенцијата Анадолија. Во понеделникот, 24 […]

Невакцинираните здравствени работници во Грција може да останат без работа по 31 март


 Невакцинираните здравствени работници во Грција кои веќе неколку месеци се на принуден одмор, поради воведената задолжителна вакцинација, можно е по 31 март, кога и истекува конкретната одлука, да останат без работа, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој сепак, објасни дека сè уште не е донесена конечна одлука, јави дописничката на МИА од […]

Првпат по четврт век Каракачанов нема да биде лидер


Красимир Каракачанов, лидерот на бугарската ВМРО, не се кандидирал за реизбор. Како што јавија бугарските медиуми, тоа значи дека за првпат по четврт век тој нема да биде лидер на  националистичката партија, која доживеа дебакл на последните три избори во земјата и од власт отиде во опозиција. Уште повеќе ВМРО со Каракачанов, кој ја водеше […]