Загрижувачка епидемиолошка состојба во Србија, се зголемува бројот на починати


Епидемиолошката состојба во Србија е загрижувачка, омикронот се шири, веќе две недели бројот на заразени е петцифрен, а се зголемува и бројот на починати, јави дописникот на МИА од Белград. Во последните 24 часа според министерството за здравство регистрирани се 17.284 случаи на инфекција со коронавирус од 34.778 тестирани примероци, а како последица на инфекцијата […]

Ѓукановиќ: Извесно е дека владата на Кривокапиќ од 4 февруари ќе стане минато


Црногорскиот претседател и лидер на опозициската ДПС, Мило Ѓукановиќ, денеска изјави дека се поизвесно е актуелната влада на Здравко Кривокапиќ на 4 февруари да стане минато. Ѓукановиќ присуствуваше на седницата на Комитетот на ДПС за Подгорица, а во соопштението на партијата се наведува дека е констатирано дека партиската реформа има задоволителна динамика, но дека е […]

Тадиќ пред одлука да се кандидира за претседател на Србија


На два месеци пред редовните претседателски, вонредните парламентарни и изборите за Град Белград, на 3 април, политичкиот живот во Србија е посветен околу договорите за кандидадските изборни листи и изборните колации за овие избори. Кај владеачките партии, Српската Напредна Странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС), според медиумите се поизвесно е дека заеднички претседателски […]

Во Грција активни околу 150.000 случаи на Ковид-19


Грција – Околу 150.000 случаи на Ковид-19 се активни во Грција, а во изминатите седум дена зголемен е бројот на починати, во просек по 100 дневно, јави дописничката на МИА од Атина. Професорката Вана Папаевангелу која е и член на комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција рече дека бројот на активни случаи […]

Ципрас против Мицотакис – тридневна расправа за недоверба на грчката влада


По доставеното барање од опозициската СИРИЗА, попладнево, во грчкиот Парламент започнува тридневната расправа за гласање недоверба на Владата, а гласањето ќе се одржи во недела навечер, јави дописничката на МИА од Атина. За да биде изгласана недоверба на Владата потребно е мнозинство од 151 пратеник од вкупно 300 колку што брои грчкиот Парламент, а во […]

Стотици граѓани на протест во Подгорица


 Стотици граѓани се собраа на вечерашниот митинг во Подгорица, во знак на протест против иницијативата за гласање недоверба на актуелната Влада и можното формирање малцинска влада, јави агенцијата МИНА. Демонстрантите откако се собраа кај храмот „Христово Воскресение“, стигнаа до зградата на Собранието, а при протестната прошетка беше истакната паролата – „Гласовите се украдени за владата […]

Влезот во Шенген останува стратегиска цел за Бугарија


Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска во Брисел оствари серија работни средби, меѓу кои и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти прес центарот на бугарската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков присуствувал и на свеченоста […]

Српскиот патријарх Порфириј не го потпишува Темелниот договор со црногорската Влада – очекува таа да „падне“


Српскиот патријарх Порфириј, според црногорските медиумите, најверојатно нема да го потпише Темелниот договор меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква, бидејќи верува дека владата многу брзо ќе „падне“. Како што пишува црногорскиот весник „Вијести“, што се повикува на „Нова С“, црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ на средбата со патријархот на СПЦ рекол дека е […]

Грција ги олабавува мерките воведени за угостителските објекти


Музиката се враќа во угостителските објекти и се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и понатаму ќе биде забрането стоење, соопшти попладнево министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис објасни дека олабавувањето на мерките доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози која денеска одржа состанок, но […]

Пленковиќ: Милановиќ со скандалозни изјави го уништува угледот на Хрватска


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го повика денеска претседателот Зоран Милановиќ дека го уништува угледот и кредибилитетот на Хрватска, додавајќи дека Владата се оградува од неговите ставови за ситуацијата во Украина. – Изјавите на Милановиќ се штетни за угледот на Хрватска и срамни. Тие водат до големо разочарување, би рекол срам на нашите партнери, од САД […]

Паѓа бројот на новозаразени во Хрватска, но има висока смртност


  Во последните 24 часа во хрватска регистрирани се 10.500 од 20.798 тестирани, а бројот на активни изнесува 67.376. Од нив 2.006 пациенти се лкеуваат во болница, а на респиратор се 185 пациенти Починаа 59 заболени од Ковид-19. На брзите тестови има уште околу 6.600 заразени. Во изолација се 44.766. До денеска се тестирани 4.175.854 […]

Во БиХ 2.632 новозаразени, починаа 55 лица


  Денеска, во Босна и Херцеговина регистрирани се 2.632 лица позитивни на корона виурс, од 5.552 тестови. Починаа 55 лица. Вчера беа регистрирани 2.601 позитивни и 40 починати. Во Федерацијата БиХ регистрирани се 1.879 позитивни и 35 починати, а ретроактивно пријавени се уште три смртни случаи. Досега од кроона вирус заболеле 223.443, а починале 7.958 […]

Мицотакис се соочува со бура од голем гнев поради лошиот одговор на снежната виулица


  Грчкиот премиер се извини за недоволната подготвеност на државата да се справи со снежната бура што остави илјадници луѓе блокирани во своите автомобили во Атина. Невидениот спектакл на елитните сили кои беа повикани да ги евакуираат возачите заробени во возилата долж главната обиколница на главниот град, ја растресе владата додека штетата сè уште се […]

Во Бугарија владеењето на правото е под сериозна опасност, тврди главниот обвинител во државата Иван Гешев


„Во Бугарија под сериозна закана е владеењето на правото, поделбата на власта и човековите права“. Тоа го нагласи денеска бугарскиот главен обвинител Иван Гешев по присуството на сослушувањето во ЕП за состојбите во Бугарија. Тој додаде дека државата сака засилен дијалог со европските институции, „вклучително и посериозен мониторинг на постоечкиот механизам за владеење на правото“, […]

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата


Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата. За време на расправата во Парламентот за закон од Министерството за развој, Ципрас вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата, особено за справувањето со снежната бура и истакна дека вонредно бара збор за да достави предлог за […]

Бугарија ќе добие најнови симулатори за ловци Ф-16


Бугарија ќе добие симулатори за ловци Ф-16, наменети за обучување на пилоти за национални и НАТО мисии од производителот „Локхид Мартин“. Таа е меѓу првите земји што добија ловци Ф-16 Блок 70, а ќе има симулатори со најнова техничка конфигурација. Бугарија ќе има осум најсовремени суперсонични ловци Ф-16 Блок 70. Станува збор за ловец од […]

Атина трет ден по ред под посебни правила поради снегот


Онлајн настава за учениците, работа од дома за вработените во јавниот сектор, силна препорака истото да важи и за приватниот сектор, се дел од одлуките на грчката Влада за областа Атика, поширокиот регион на Атина, поради проблемите со снегот, јави дописничката на МИА од Атина. По вчерашната владина седница, портпаролот Јанис Иконому соопшти дека градинките, […]

Бугарија сѐ уште е заробена од Кремљ


  „Конфликтот меѓу Русија и Украина не е само лична драма. Тоа е конфликт кој се развива во нашиот регион. Станува збор за принципите врз кои се организира меѓународната заедница“, изјави Христо Иванов од Демократска Бугарија за БГНЕС. Меѓународното право е врвна вредност и тоа не треба да се прекршува, порача лидерот на ДБ. „Дали […]

Ниту еден бугарски војник нема да учествува во воените дејствија во Украина, вели Јанев


Бугарија – Бугарскиот министер за одбрана, Стефан Јанев, на денешната вонредна седница на Националното собрание посветена на тензиите меѓу Русија и НАТО, изјави дека без одлука на парламентот или Советот на министри ниту еден бугарски војник нема да учествува во Украина, доколку во неа дојде до воени дејствија од страна на Русија. Јанев ги предупреди сите […]

Во Хрватска речиси 12.000 новозаразени, починаа 64 пациенти


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 11.812 нови случаи со зараза од ковид-19, а бројот ан активни се искачи на 66.027. Од нив 1.976 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор се 192. Почина ауште 64 пациенти. Кога ќе се пребројат и позитивните на антигенски тестови, вкупниот број новозаразени, денеска во […]