Турција: Главниот статистичар објави дека инфлацијата е 36 отсто, Ердоган го смени


Главниот извор за инфалцијата е големиот пад на лирата во однос на доларот

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го смени шефот на националната статистичка агенција по објавувањето на годишните податоци за инфлацијата.

Шефот на Националното биро за статистика, Саит Ердал Дингер, е мета на критики откако на почетокот на јануари ги објави податоците, според кои годишната стапка на инфлација изнесува 36,1 отсто, што е највисоко ниво во последните 19 години. .

Опозицијата рече дека таа бројка е потценета, наведувајќи дека реалниот пораст на трошоците за живот е најмалку двојно поголем.

Во извршниот декрет, Ердоган не ја образложи својата одлука наместо Дингер, да го назначи Ерхан Четинкаја, поранешниот потпретседател на турскиот банкарски регулатор, за нов шеф на државната статистика.

Инфлацијата во Турција скокна на повеќе од 36 отсто поради падот на вредноста на лирата, што е рекорд од септември 2002 година.

Ердоган во непријатна ситуација 18 месеци пред претседателските избори продолжува да ги брани своите ставови. Порастот на потрошувачките цени, повеќе од седум пати повеќе од првичната цел на владата, се објаснува со падот на турската лира во однос на доларот за речиси 45 отсто годишно.

Свесен за штетата направена не само на економијата, туку и на неговиот рејтинг на доверба, Ердоган на почетокот на јануари вети дека „што е можно поскоро ќе ја врати инфлацијата на едноцифрена“.