Почина Ксенија Вучиќ, првата жена на Александар Вучиќ
Вечерва во Белград ненадејно на 54-годишна возраст почина новинарката Ксенија Вучиќ, првата сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Веста за нејзината смрт ја Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил.
„Вечерва во Белград ненадејно во 54. година почина Ксенија Вучиќ, мајката на нашите две деца, Данило и Милица и моја прва сопруга“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Првата сопруга на претседателот е родена во 1968 година во Белград, каде што дипломирала и историја на уметност на Филозофскиот факултет. Била новинарка 28 години.
Вучиќ го запознала во 1995 година на Радио Индекс, додека водела дуел меѓу него и Александар Чотриќ, политичар од Српското движење за обнова.
Се венчаа две години подоцна, а се разделија во 2011. Имаат две деца, синот Данило и ќерката Милица.
Пред да почне да ја уредува и води емисијата „Правец“ на ТВ Пинк, Ксенија Вучиќ работеше за магазинот „Српска реч“, Радио Фокус и телевизијата Студио Б.
Таа направи интервјуа со бројни домашни и странски политичари како Ивица Дачиќ, Чедомир Јовановиќ, Ненад Чанак, Никола Груевски, Еди Рама, на кого во емисијата му покажа три прста.