Во Хрватска 15.000 заболени, починаа 41 лице
Во последните 24 часа во Хрватска починале 41 лице, а регистрирани се вкупно 15.416 нови случаи на инфекција со корона вирусот.
Националниот штаб за цивилна заштита извести дека бројот на активни случаи на вирусот САРС-КоВ-2 во Хрватска денеска изнесува вкупно 66.152, а меѓу нив 1.936 пациенти се во болница, од кои 183 се на респиратор, пренесува Хина.
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, со новиот корона вирус се заразени вкупно 929.502 лица, од кои 13.731 починале, вкупно 849.619 оздравеле, од кои 10.462 во последните 24 часа.
Во моментов има 42.641 лице во самоизолација.
Заклучно со 28 јануари вакцинирани се 56,51 отсто од вкупното население и 67,25 отсто од возрасната популација. На 28 јануари се потрошени 9.096 дози вакцина, од кои со првата доза се вакцинирани 945 лица.