Загина српскиот амбасадор во Португалија


Амбасадорот на Србија во Португалија, Оливер Антиќ загина денеска во несреќен случај откако паднал од карпа во градот Кашкаишу во близина на Лисабон, соопшти локалната противпожарна служба. Портпарол на противпожарната бригада не ги коментираше околностите на несреќата, само наведе дека службите за брза помош пристигнале на местото на инцидентот околу 13.30 часот и го пронашле […]

Исчезнати се 11, а спасени 278 лица во пожар на траект во близина на островот Крф


Исчезнати 11 патници, акција за евакуација на двајца кои се уште се наоѓаат во бродот, спасени 278 лица и полесно повредени десет патници е билансот од пожарот што избувна на траектот „Euroferry Olympia“ додека од Грција пловел кон Италија, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалното соопштение од грчката крајбрежна служба, по пребројувањето и […]

Гори хрватската резиденција во Белград


Пожар избувнал во резиденцијата на Хрватската амбасада во центарот на Белград, објави Нова.рс. Gori centar Beograda, izgleda je ambasada Hrvatske pic.twitter.com/5HKGRMbcOj — ketrine (@KetrineInEksn) February 18, 2022 Како што неофицијално дознава порталот, гори дел од резиденцијата под покривот, а пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот. Засега нема информации за повредени.

На Србија и недостигаат 5.000 здравствени работници и 10.000 возачи


На Србија и недостигаат околу 5.000 здравствени работници и 10.000 професионални возачи. – Анестезиолози, невролози, педијатри, офталмолози се само дел од специјалистите кои недостигаат во здравствените установи во Србија, а нивниот број дополнително е „преполовен“ поради пандемијата на коронавирус, пишува порталот Нова рс. Според анализата на Фискалниот совет од 2021 година, Србија има дефицит од […]

Петков: Ги лажевме европските лидери, затоа Бугарија не може да влезе во Шенген


  Европските лидери немаат доверба во Бугарија за Шенген, бидејќи многу од дадените ветувања не се исполнети, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Брисел. Тој рече дека разговарал за ова прашање со холандскиот премиер Марк Руте, една од земјите што се противат на приемот на Бугарија во Шенген зоната. „Проблемот е што со […]

Милановиќ е против проширување на НАТО кон Украина


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека НАТО не треба да се шири кон Украина. – Додека сум претседател, ќе бидам против проширување на НАТО каде било, рече Милановиќ пред новинарите во Пожега. Изјавата на хрватскиот претседател, која е спротивна на политиката на отворени врати на Алијансата, доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и западните […]

Пожар на траект што пловел од Грција за Италија со над 250 патници


Грција – Пожар избувнал на траект додека пловел во близина на грчкиот остров Крф, а тргнал од Грција кон Италија со околу 230 патници и 50 членови на екипажот, кои го напуштиле бродот и се евакуирале во чамците за спасување, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, акцијата за спасување е во тек, […]

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец


На меѓународниот аеродром во Тирана спречен е обид за внес на над милион фалсификувани евра во различни апоени, при што упасен е државјанин на Камерун, јави дописничката на МИА од Тирана.   „Полицискиот комесаријат на аеродромот ‘Ринаси’, во соработка со специјалците од отсекот за истрага на економски и финансиски криминал во УЈП – Тирана, по добиена […]

Опозициските пратеници ја напуштија свечената седница на косовското Собрание


Пратениците на трите најголеми опозициски партии во Собранието на Косово ја напуштија денешната свечена седница по повод Денот на незавианоста, во знак на протест поради зчоупотреба на собраниската говорница од страна на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Откако неколку пати му дофрлија да престане со пропагандата за наводните успеси на неговата […]

Бугарски маки: Ем да е со НАТО, ем да е со Русија


  Евроатлантска Бугарија се однесува како длабоко провинцијална земја. Се разбира, провинцијализмот не е спорадичен изблик, туку постојана состојба на живеење на секоја поединечна провинциска земја. Но, во меѓународните кризи, рабовите на нашиот параден костум блескаат, пишува Веселин Стојнев во својата анализа за бугарската редакција на Дојче веле. „И да се биде во НАТО и […]

Илир Мета останува претседател на Албанија, одлучи Уставниот суд


  Уставниот суд на Албанија го отповика гласањето на парламентот за разрешување на претседателот Илир Мета поради наводно заговарање насилство и кршење на уставот. Во јуни, 104 пратеници во 140-члениот парламент, главно од владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама, гласаа за разрешување на Мета, но според законот, Уставниот суд мораше да го има последниот […]

Бугарија: На Радев сега не му чини ни владата на Петков


  „Владата мора да се погрижи политиката и геополитиката да не ја убијат бугарската економија. Потребни ни се сигурни, одржливи мерки и решенија, а не само добри намери. Времето за анализи заврши, ги чекаме резултатите“. Ова го изјави шефот на бугарската држава, Румен Радев, во Пловдив, каде што денеска посети една металуршка компанија. Ова е […]

Од први март дозволени повеќедневни училишни екскурзии во Грција со задолжително тестирање пред поаѓањето


Во рамки на постепеното олабавување на мерките во Грција што започнува в сабота, по пауза од две години, дозволени ќе бидат и училишни екскурзии, а според Министерството за образование, повеќедневните екскурзии може да се организираат од први март, но со задолжително претходно тестирање, јави дописничката на МИА од Атина. Министерката за образование на Грција Ники […]

Плеврис: Логиката на земјите од ЕУ е во март да се укинат рестриктивните мерки


 Логиката на земјите-членки на Европската Унија е до средината или крајот на март да се укинат рестриктивните мерки, изјави  утрово министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. – Бидејќи минатата седмица одржавме состанок сите министри за здравство на Европската Унија, логиката на сите […]

Во Косово уапсени четворица македонски и двајца косовски државјани за трговија со дрога


Косово – Косовската полиција соопшти синоќа дека, по неколкудневни истражни дејствија, припадници на единицата за сузбивање на трговијата со наркотици уапсиле шест лица, од кои четворица македонски и двајца косовски државјани, јави дописникот на МИА од Приштина. При претрес на една локација во селото Широка во општина Сува Река, полицијата открила и запленила 32 килограми марихуана, […]

Грција дополнително ги олабавува мерките


Грција – Поголемиот дел од мерките во Грција воведени пред Нова година, постепено се укинуваат, па така, дозволено ќе биде стоење и танцување во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор работата од дома се намалува од 50 на 20 отсто, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика од 50 отсто од капацитетот, наместо […]

Пожар на Автобуската станица во Сараево, има и повредени


На Автобуската станица во Сараево попладнево изби пожар, а според информациите на некои локални медиуми, има и повредени. На местото на инцидентот веднаш биле испратени пожарникарски, медицински и полициски екипи. Огнот ги зафатил продавниците кои се наоѓале во склоп на Автобуската станица. Густ чад брзо се издигнал над областа, а многу луѓе во паника го […]

Бугарската армија не може да се соочи со ризиците на глобалните кризи


  Бугарската армија нема оружје, опрема или луѓе да одговори на ризиците кои произлегуваат од украинската криза, конфликтите на Блискиот Исток и Азија, меѓународниот тероризам и мигрантските текови, се вели во заклучокот донесен на состанокот на Совето за националната безбедност на Бугарија. Советот го собира претседателот и вклучува шефови на безбедносни служби, армија, министри, парламентарни […]

Паѓа бројот новозаразени во Хрватска, но бројот на починати е висок


  Во последните 24 часа во хрватска забележани се 5.795 новозаразени, а бројот на активни изнесува 32.170, објави кризниот штаб. Од нив 1.966 пациенти се на болничко леклување, а 140 на респиратор. Починаа уште 48 пациенти или вкупно досега 14.632 жртви на пандемијата. До денеска во Хрватска од Ковид-19 заболеле 1.027.572 лица. Вакцинирани се 56,74 […]

Анкета: Зголемувањето на цените предизвикува најголема загриженост кај Грците


Поскапувањето на цените предизвикува најголема загриженост за 47 отсто од Грците, веднаш потоа е пандемијата за 24,2 проценти, а следат криминалот, националните прашања, миграцијата, според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Marc“ за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. На политичката сцена, владејачката Нова демократија (НД) и понатаму е во […]